Свет
Кампањата јавна, парите тајна
Владата спроведе неколку и најави нови медиумски кампањи, но за ниту една не даде одговор колку пари чини
Владата спроведе неколку и најави нови медиумски кампањи, но за ниту една не даде одговор колку пари чини
Владата не даде отчет колку буџетски пари се потрошени и уште колку ќе се потрошат за нејзините медиумски кампањи: „100 дена Влада“, „Плаќајте даноци“, „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис-рај во Европа“, „Македонија – земја на информатичари“.
Не се знае ни колку ќе чинат патувањата и престојот на министрите за странски инвестиции и тие за ангажман на консултантски куќи што ќе лобираат за Македонија.
За реклами на „Даночниот рај“ во 50 тиражни весници од 35 земји, премиерот Груевски процени дека трошокот ќе биде најмногу еден процент од првата инвестиција. Беше спомената и сума од околу 100.000 евра, но неофицијално. За „Плаќајте даноци“ биле искористени старите спотови, снимени во 2001 година, но останува тајна сумата потрошена за закуп на рекламниот простор.
Експертите ја поддржуваат владината иницијатива, но сметаат дека е грешка нетранспарентната реализација на кампањите.
– Отчет мора да има. Владата треба да ги каже трошоците, бидејќи во спротивно се соочува со опасност да се намали вредноста на проектите што можеби се добри за земјата – вели Слаѓана Тасева, извршна директорка на „Нулта корупција – транспарентност“.
Таа додава дека Владата се’ уште не одговорила ниту на барањето на антикорупциската комисија за парите потрошени за „100 дена Влада“. За економска промоција на земјава, во Буџетот се предвидени 4 милиони евра. Дополнителни 3,4 милиони Владата планира годинава да потроши за привлекување странски директни инвестиции и за развој на слободната економска зона „Бунарџик“.
Балканот – инвестициски хит во Чешка
Компаниите и недвижностите во Македонија и во другите балкански земји се најнов инвестициски хит меѓу Чесите, јавува Макфакс.
Тамошни експерти ја оценуваат кампањата „Инвестирајте во Македонија“ како добар деловен потег на Владата. „Бидејќи станува збор за се’ уште нестабилен пазар, Чесите треба да имаат партнер што добро ја познава таа средина“, смета раководителот на една од поголемите чешки агенции, Петр Восмик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.