Контакт

Свет

Лоби-групи се обидуваат да го турнат тендерот за пасоши

Објавено пред

Комисијата за јавни набавки ги отфрла обвинувањата за несоодветен избор на фирма за изработка на новите документи

dobivaj vesti na viber

Комисијата за јавни набавки ги отфрла обвинувањата за несоодветен избор на фирма за изработка на новите документи

Лоби-групи пласираат дезинформации, повикувајќи се на експерти кои не постојат, обидувајќи се да турнат еден чист законски тендер, велат во МВР

ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА

Македонскиот пасош ќе содржи поликарбонат, кој тешко се раслојува. Патната исправа ќе биде речиси невозможно да се фалсификува, бидејќи во неа ќе биде инкорпориран највисокиот степен на заштита на три нивоа. МВР ќе набави нови машини кои ќе бидат оспособени да ги персонализираат документите со техника на ласерско гравирање. Машините за персонализација ќе бидат лоцирани во МВР и ќе биде од централизирана природа. Станува збор за комплетно нова опрема, а не за онаа која веќе ја одбил нашиот северен сосед Србија. Ова се појаснувањата од страна на МВР, кое вчера ги отфрли "шпекулациите и дезинформациите во јавноста", истакнувајќи дека се врши притисок врз Второстепената владина комисија која одлучува за жалбите на фирмите "Институто полиграфико", "Сименс бизнис-сервисис" и "Франсоа шарл обертур". Комисијата за јавни набавки пред два месеца 4одлучи новите документи да ги изработува германската фирма "Гисеке и Девриент", за цена од 23.400.000 евра. "Ова не е тендер за чорапи, ова е тендер за иднината на Македонија", рече портпаролот на МВР, Горан Павловски, потсетувајќи дека од новите патни исправи зависи и укинувањето на визниот режим за земјава. Според него, "лоби-групи намерно пласираат дезинформации, повикувајќи се на експерти што не постојат, обидувајќи се да турнат еден чист законски тендер". Во однос на информациите во јавноста за "одредени проценти или провизии" замени за дилот за пасошите, од МВР велат дека станува збор за  забуна или за незнаење. "Сите понудувачи согласно со стандардите на Светска банка беа должни да ги декларираат во понудата нивните консултантски фирми кои им ја подготвиле тендерската документација  и понудата, сумата и целта на провизијата. Провизијата е деловен однос меѓу понудувачот и консултантот и таа претставува трошок на понудувачот, а не на МВР, ниту, пак, е на товар на граѓаните", вели Живко Темелковски, претседател на Комисијата за јавни набавки. Тој информираше дека "ГиД" не е единствената фирма која набавила консултанти.  Едно од поактуелните прашања во минатиот период беше дали составниот дел на пасошката книшка е поликарбонат или не. Од МВР се категорични дека станува збор за поликарбонат, што е потврдено со направените тестирања со помош на софистицирана опрема во земјава и во странство. Поликарбонатната страна, вели експертот Емилио Фришчиќ, не може да се раслојува, туку може да дојде само до целосно уништување на пасошот поради кршливоста на поликарбонатот. Поради тоа, практично  ќе биде невозможно да се фалсификува македонскиот пасош, во кој ќе биде инкорпориран највисок степен на заштита на три нивоа: видливо со голо око, видливо со базичната опрема на граничните премини и невидливо ниво.  Германската фирма што го доби тендерот за пасоши нуди чипот да биде вграден во поликарбонатот, што е најтешко и најбезбедно решение, велат во МВР. Македонија има современа опрема со која ќе може да го провери квалитетот на чипот, кој е од марката "Филипс", има 72 килобајта и ги има сите потребни сертификати. "Речиси сите фирми го понудија истиот чип. Тој е тестиран и  докажан во практиката, велат во МВР, укажувајќи дека тој ги надминува барањата од европските акредитациски тела во однос на капацитетот на меморијата и можноста за надградување со биометриски обележја. Тој е застапен речиси во сите европски земји што поседуваат или претендираат да воведат електронски пасош. Во однос на гаранцијата за одржување на опремата, Комисијата информира дека сите фирми понудиле тригодишна гаранција, а постпродажниот сервис  е десет години.

 Понудата на германската фирма "Ги Д" го покрива сервисот во период од десет години, велат во МВР. Прашани во врска со разликата во техничките понуди на германската фирма "ГиД" и на "Хјулид и пакард", која го доби првиот тендер што беше поништен потоа, од МВР велат дека е речиси идентична. Разликата, објаснуваат тие, е само во делот на бесконтактната технологија, која не била поставена како услов во техничката спецификација на првиот тендер. Сите фирми ја содржат бесконтактната технологија, со што во меморијата на чипот ќе бидат вградени биометриски обележја: фотографијата, алфанумеричките податоци, машинско читливата зона, но чипот ќе содржи и отпечатоци од прстите. Македонските граѓани ќе добијат пасоши по европски стандарди, велат во МВР, објаснувајќи дека увидот кај странските фирми на самото место не е направен, бидејќи не било задолжително тоа. 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот

Објавено пред

Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.

dobivaj vesti na viber

Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.

Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.

Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.

Со автомобил прегазил една мачка.

Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.

Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.

Човекот ја обжали пресудата.

„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.

Прикажи повеќе...

Свет

Убиен рапер, пронајден во хотелска гаража откако бил застрелан: Џастин Бибер јавно се опрости од него

Објавено пред

Раперот Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси.

dobivaj vesti na viber

Крис бил ранет околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во уличка, соопшти полицијата, пренесува „Пипл“.

Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел.


Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.

32-годишниот рапер беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, кој јавно се опрости од него.

“Те сакам брат. Ова боли“, напиша Џастин Бибер, пренесува гореспоменатиот медиум.

Прикажи повеќе...

Свет

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Објавено пред

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Бригада ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизискиот говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Во видеото објавено од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со беспилотни летала и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Појасот Газа и да ја укине блокадата.

Во меѓувреме, Израел ги засили нападите низ Појасот Газа во вторникот, рекоа жителите, додавајќи дека тоа е едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата нареди нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во соопштението за платформата X, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи ги повика жителите на четири зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската армија објави дека ги повлекува своите војници, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од која војниците се повлекоа го отежнуваат враќањето на раселените во своите домови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија4 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија6 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија8 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија10 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија11 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет11 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија12 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет12 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија12 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет12 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...