Свет
Ал-Багдади ги повика џихадистите „својата крв да ја претворат во реки“
Челникот на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади ги повика во четвртокот своите џихадистички борци да не се повлекуваат пред ирачките сили кои го напаѓаат градот Мосул и „својата крв да ја претворат во реки“.
„Не се повлекувајте…. Целата оваа војна ни дава војна во конечна победа којашто ни ја вети Господ“, порачува Абу Бакр ал-Багдади во аудио снимката објавена на исламистичката интернет страница Al Furqan.
„Продолжете ја борбата и соочете со својот непријател“, додава џихадистичкиот челник кој во Мосул летото 2014 година го прогласи ткн „калифат“ кој освен територии во Ирак опфаќа и територии во соседна Сирија каде што најголемото упориште на џихадистите е градот Рака.
Ал-Багдади ги повика бомбашите самоубијци „да му се спротистават на непријателот и да ја претворат својата крв во реки“. „Претворите ги нивните денови во мрачни ноќи. Оваа војна е ваша војна“, порача овој поранешен затвореник во Гвантанамо.
Ирачките владини сили во вторникот влегоа, првпат по повеќе од две години во Мосул. Владините сили, крудските борци „Пешмерга“, шиитските и локалните сунитски милиции, со воздушна поддршка на меѓународната коалиција предводена од САД, на 17-ти октомври ја започнаа долгонајавуваната операција за ослободување на вториот по големина град во Ирак.
Здружените ирачки сили ослободија во средата повеќе од 50 села која граничат со градот на северот од Ирак во кој и натаму живеат околу 1,5 милиони жители. Според официјален Багдад, ирачките сили убиле досега околу 800 припадници на Исламската држава во офанзивата врз последното големо урбано упориште на џихадистите во Ирак.
Битката за Мосул ќе биде одлучувачка во ирачката борба против Исламската држава, а премиерот Хајдер ал-Абади вети дека до крајот на годината екстремистите ќе бидат протерани од Ирак./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.