Алфано: ЕУ не би требало да го критикува Трамп за ограничување имиграција

Алфано: ЕУ не би требало да го критикува Трамп за ограничување имиграција

Италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано, изјави во понеделникот дека Европската унија, имајќи предвид оти самата ги затворила границите, не е во позиција да го осудува американскиот претседател Донлад Трамп поради ограничувањата на имиграцијата.

„Европската унија не е во добра позиција да изнесува оцени за туѓите одлуки, Или сакаме да заборавиме дек и ние во Европа подигнуваме ѕидови“, вели во интервјуто за дневниот весник Corriere della Sera, италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано.

Алфано, кој од декември во владата на поранешниот премиер Матео Ренци беше министер за внатрешни работи, истакнува дека Италија зазема поинаков став кон беглаците и имигрантите.

„Нашата визија се разликува од онаа на Трамп и досега таа се покажа успешна, кога станува збор за безбедност“, додава шефот на италијанската дипломатија и истакнува дека не постои поврзаност меѓу миграциите и тероризмот.

Во петокот Трамп го потпиша указот „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави, Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, го суспендира приемот на бегалци на 120 дена и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија./крај/мф/сн