МАКФАКС

Брисел им порача на членките повеќе да ги притвораат мигрантите кои чекаат депортирање

Брисел им порача на членките повеќе да ги притвораат мигрантите кои чекаат депортирање
02.03.2017, 23:20

Членките на Европската унија би требало повеќе да ги притвораат мигрантите кои немаат изгледи да добијат азил за да се спречи да избегаат пред депортацијата, изјави европскиот комесар за миграции Димитрис Аврамопулос.

Европската унија сака да ја заузди миграцијата откако околу 1,6 милиони бегалци и миграните стасаа во периодот меѓу 2014 до 2016 година, до нејзините брегови во Средоземното Море. Унијата, исто така, сака да ги спречи новите доаѓања и да депортира повеќе влади.

„Стапката на враќања мора да се поправи. Земјите членки би требало да ја користат можноста за притворање на мигрантите, доколку постои ризикот од бегство и за да имаат доволно време за постапка на враќањето и реадмисијата“, изјави Аврампулос претставувајќи го новиот необврзувачки предлог на Европската комисија.

Брисел проценува дека од ЕУ треба да се вратат околу милион луѓе, но се враќаа само третината. Додека законодавството поставува минимални заеднички стандарди за враќање на мигрантите, некои земји членки имаат построги национални закони кои би можеле да се ублажи тој процес да се олесни, сметаат во Европската комисија./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *