МАКФАКС

Велика Британија: Brexit нема да започне oваа недела

Велика Британија: Brexit нема да започне oваа недела
13.03.2017, 22:00

Членот 50 со кој формално се покренува излегувањето на Велика Британија од Европската унија(ЕУ) нема да биде активиран оваа недела, соопшти британската влада, јави Independent.

Портпаролот на британската премиерка Тереза Меј рече дека покренувањето на членот 50 ќе биде одложено најрано за следната недела.

На прашање дали Меј ќе го покрене процесот утре, тој одговори дека во британската влада биле јасни.

„Премиерката ќе го покрене членот 50 до крајот на март“. /крај/он/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *