Владата на Каталонија повторно сака референдум за независност

Владата на Каталонија повторно сака референдум за независност

 

Владата на шпанската автономна област Каталонија повторно побара од Мадрид да се одржи референдум за независност, кој е инспиран од примерот на Шкотска, пренесоа во понеделникот агенциите.

 

Барањето е поднесено во форма на отворено писмо до централните власти во Мадрид, објавено во весникот. “Ел Паис”, од страна на претседателот на Владата на Каталонија Карлес Пучдемон и неговиот заменик Орион Жункерас.

 

Ова доаѓа само една седмица откако шкотскиот прв министер Никола Старџан соопшти дека ќе побара втор референдум за независност на Шкотска. Таа првично инсистираше тој да биде направен пред Велика Британија формално да ја напушти ЕУ.

 

“Се покажува дека Шкотска и Велика Британија повторно ќе се договорат за организирање на втор референдум за независност”, пишуваат двајцата каталонски лидери.

 

“Разликите не не делат, туку недостатокот од согласност да се направи обид да се надминат”, пишуваат Пучдемон и Жункерас.

 

Владата на Каталонија ветува дека во септември ќе организира референдум за независност, со или без согласност на Мадрид.

 

Дел од каталонците лошо ја го поднесоа одлуката на Уставниот суд од 2010 година со која се поништи “статусот”,  со пошироки овластувања на нивната автономна област, потсетува БТА.

 

Каталонците се поделени по прашањето за независноста. Значително мнозинство сака референдум, но според истражувањето од декември, кампусот на оние кои сакаат Каталонија да остане дел од Шпанија, има мала предност.

 

Неколку часа откако Пучдемон и Жункерас го најавија своето барање, владата во Мадрид го отфрли.

 

Кабинетот на Маријано Рахој, цитиран од “Ел Паис”, објави дека не може да се водат преговори за нешто што е нелегално.

 

Властите во Мадрид изразуваат жалење што каталонската влада продолжува да инсистира на референдум, кој нема да се случи, а во исто време ги остава нерешените проблемите на каталонците.

 

Против нова анкета се изјаснија и некои од партиите, кои во моментов се во опозиција во Барселона.

 

Минатата недела, поранешниот каталонски лидер Артур Мас беше осуден поради нелегалниот организиран референдум за независност во 2014 година, кога од гледна точка на Мадрид кабинетот на Рахој тврдеше дека слична анкета не е предвидена во Уставот, а позицијата подоцна беше потврдена и од шпански суд.крај/мф/кс