Доналд Туск: Турците немаат допир со реалноста

Доналд Туск: Турците немаат допир со реалноста

Турција е „целосно одвоена од реалноста нарекувајќи ги Холанѓаните фашисти“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пренесува британски BBC.

Неговите коментари доаѓаат во време на затегнати односи меѓу Турција и европските земји во врска со кампањата за референдумот во Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини владата на Холандија дека е “нацистичка остаток”.

Ердоган запона остра реторика со холандската влада, кога на турски министер му беше забрането да се обрати на митинг во Ротердам, што доведе до судири со полицијата.

Реториката на Ердоган доби на интензитет кога тој ги обвини Холанѓаните за масакрот во Сребреница во 1995 година.

Убиствата на муслимански мажи и момчиња биле извршени од страна на силите на босанските Срби, а ваквите обвинувања на Ердоган беа осудени од страна на холандскиот премиер како „грдо фалсификување на вистината“, пренесува BBC.

Во својата изјава пред Европскиот парламент во средата Туск рече дека Холандија е „место на слобода и демократија. А сигурно и Ротердам”.

„Градот Еразмо, кој беше брутално уништен од нацистите, денес има градоначалник роден во Мароко”, додаде тој.

„Ако некој гледа фашизмот во Ротердам, тој е тогаш целосно одвоен од реалноста.”

По примерот на Холандија, Германија и Австрија исто така дејствуваа за да спречат собири на Турците кои имаат за цел, како што сметаат тие, потокуп на гласачите.

Турција води кампања пред референдумот на кој Турците ќе гласаат за претседателот Ердоган да може да добие поголеми овластувања. Референдумот ќе се одржи на 16-ти април. крај/мф/вс