Женски марш против Трамп во европски градови

Женски марш против Трамп во европски градови

Илјадници жени излегоа на улиците од некои од главните градови во Европа за да им се придружат на „сестринските маршеви“ во Азија и во Австралија против новиот американскиот претседател Доналд Трамп.

Носејќи натписи сопоркаи ако „Посебни односи, само кажи ‘не’“ и „Единци на злите жени“ демонстрантките се собраа пред американската амбасада на лондонскиот Плоштад Гросвенор пред одржувањето на централниот собир на Плоштадот Рафалгар.

Низ светот се планирани одржувања на 670 маршеви, според најавите на интернет страницата на организаторите, кои најавуваат наводно два милиона демонстранти против Трамп, кој во петокот ја положи заклетвата како 45-ти претседател на САД. Најавено е дека на главниот протест на разните активистички движење во Вашингтон ќе се соберат околу 250.000 демонстранти.

Славни личности преку социјалните мрежи изразуваат поддршка за овие собири.

Дел од учесничките носат розови капи и написи „оваа п… ќе возврати и ќе касне“ реагирајќи на стара десетина години снимка до шоу емисија на Трамп во предизборната кампања во која ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон, која беше сигнал уште тогаш за организирање масовни протести.

Во земјите од Европската унија се одржаа протесни собири во Берлин, Париз, Рим, Виена, Амстердам и во швајцарска Женева. Според полицијата и организаторите во Виена се собрале околу две илјади луѓе, но поради ниските температури многу набрзо се разотишле и останале само стотина.

Во најголемиот австралиски град Сиднеј протестираа 3.000 мажи и жени,кои се собраа во тамошниот Хајд Парк пред маршот кон американската амбасада, а организаторите велат дека уште 5.000 демонстранти се собрале во Мелбурн.

На Нов Зеланд се одржале вакви собири во четири градови, на кои излегле околу две илјади луѓе. Стотина луѓе по истиот повод протестирале и во Токио, но јапонските медиуми известуваат дека станува збор за американски државјани./крај/мф/сн