Земан го поддржува Трамп поради тоа што „не поднесува мигранти, терористи и новинари“

Земан го поддржува Трамп поради тоа што „не поднесува мигранти, терористи и новинари“

 

Чешкиот претседател Милош Земан изјавил дека новиот американски претседател Доналд Трамп веќе со своите први потези покажува дека си стои на збор и дека му е симпатичен поради тоа што „не поднесува нелегални мигранти, исламски терористи и новинари“, пренесуваат чешките медиуми.

 

„Што ми е симпатично кај Трамп? Тоа што е против нелегалната миграција, исламскиот тероризам и што не поднесува новинари“, рекол Земан.

 

„Новинарите се група кои своите ставови ги става над мислењата на другите луѓе. Наместо да информираат, тие го наметнуваат своето мислење“, рекол чешкиот претседател.

 

Како потврда за своето „генерално мислење за новинарите“, навел дека чешкиот јавен сервис, телевизијата ČT, со која е во спор уште од предизборната кампања во 2013-та година, на денот на претседателските избори во САД на дебата не повикала ниту еден од оние кои го поддржуваат Трамп.

 

„Првите чекори и првите денови на американскиот претседател укажуваат на тоа дека ќе се исполни тоа што беше ветено пред изборите. Тоа е добро, политичарите треба да ги исполнуваат своите ветувања“, рекол Земан и додал дека „Трамп ќе биде добар американски претседател доколку го исполни тоа што го вети“./крај/мф/бс