Кралицата Елизабета II го одобри Brexit

Кралицата Елизабета II го одобри Brexit

 

Декретот за излегување на Велика Британија од Европската унија (Брекзит)  е потпишан од страна на кралицата  Елизабета II, пренесе во четвртокот BBC.

 

Кралицата ја одобри одлуката на пратениците од двата дома на парламентот на островската држава да се прекине над 40-годишното членство во заедницата.

 

Со потпишувањето на документот британската кралица му даде овластувања на премиерот во Лондон, Тереза ​​Меј да почне преговори со Брисел. Во јуни 2016 година, Британците со референдум одлучија нивната земја да стави крај на членството во Унијата./крај/мф/кс