Кремљ обвинет и за вмешување во француските избори

Кремљ обвинет и за вмешување во француските избори

Кремљ во вторникот ги отфрли обвиненијата дека стои зад интернетските напади врз кампањата на францускиот кандидат за претседател Емануел Макрон, иако неговиот изборен штаб ги повторува обвинувањата против руските медиуми и наводни хакерските групи кои наводно дејствуваат од Украина.

 

Апсурдни го нарече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, обвинувањата за наводните „руски хакерски напади“ врз кампањата на левичарскиот кандидат Емануел Макрон кои ги изнесе шефот на неговиот изборен штаб на Ришар Феран

„Не сме имале и немаме никакви намери да се мешаме во внатрешните прашања на државите, особено не во нивните изборни процеси“, изјави за новинарите акредитирани во Кремљ, Песков.

„Очигледен е фактот дека во странство постои хистерична кампања против претседателот Владимир Путин“, додаде неговиот портпаролот категорично отфрлајќи ги обвинувањата од Франција.

Ришар Фернан во понеделникот изјави дека Емануел Макрон, кој во моментов според анкетите ќе се пробие во вториот круг од претседателските избори на 7-ми мај и ќе ја победи кандидатката на крајната десница Национален фронт, Марин Лепен, која инаку има пријателски односи со Москва, станал жртва на „лажни вести“ кои ги пласирале руски медиуми, како и дека неговата кампања е „цел на илјадници хакерски напади“.

Фернан истакна дека официјална Москва ја поддржува политиката на Лепен, како и на кандидатот на конзервативците Фрсансоа Фијон.

„Двајцата се мистериозно поштедени од критики во руските медиуми“, рече Фернан и тврди дека на Москва „не ѝ се допаѓа проевропскиот став“ на Макрон

Тој алудираше на тоа дека Лепен на почетокот од кампањата објави дека слична како и Велика Британија, сака и Франција да ја подобри својата позиција во Европската унија прво најавувајќи финансиско осамостојување, односно излегување од еврозоната и враќање на националната валута франкот, и на нејзините изјави дека мнозинското руско и рускојаизчно население на црноморскиот полуостров Крим има право да избере во која земја ќе живее откако преку референдум се присоедини на Русија, што за Западот е нелегална руска анексија на украинска територија.

Фернан и во вторникот ги повторуваше овие обвинувања, наведувајќи дека хакери наводно го нападнале базите на податоци и електронската пошта на движењето „En Marche!“, (Напред) на Макрон.

„Доколку овие напади продолжат, кампањата En Marche!, ќе биде тешко да се спроведе, ако не и невозможно“, реле Фернан за весникот Le Monde. Тврди дека „половината од нападите доаѓаат од Украина“, како и дека ги организира и координира „структурирана групација“, а не поединечни хакери.

Социјалната мрежа Facebook на почетокот од февруари во Франција започна иницијатива за борба против лажните вести пред претседателските избори, откако беше критикувана дека во периодот на кампањата за американските претседателски избори не сторила доволно за спречување на лажните информации.

Од Facebook објавија дека во рамките на таа иницијатива ќе соработуваат со неколку водечки француски медиумски корпорации, меѓу другите и со новинската агенција AFP, телевизијата BFM TV и со весниците L’Express и Le Monde./крај/мф/сн