МАКФАКС

Макрон предизвика бура со изјавата „Колонизацијата е злосторство против човештвото“

Макрон предизвика бура со изјавата „Колонизацијата е злосторство против човештвото“
17.02.2017, 13:47

Емануел Макрон, центристички француски политичар кој добива висок процент поддршка во анкетите, два месеци пред претседателските избори, беше принуден да се брани по неговите критики за колонијалното минато на својата земја.

Имено, од 39-годишниот Макрон беше побарано да ги појасни коментарите за колонизацијата кои ги искажа во интервју за алжирската телевизија, емитувана во вторникот ноќта. Ова е чувствително прашање во земја која водеше крвава војна за да добие независност од Франција

„Колонизација е злосторство. Тоа е злосторство против човештвото. Тоа е навистина варварски, и тоа е дел од минатото со кој треба да се соочиме и да им се извиниме на оние против кои ги извршивме овие дела “, изјави Макрон во одбрана на својот став искажан претходно.

„Во исто време, ние не смееме ова минатото да го „ставиме под тепих“ … Има соодветна фраза во врска со Алжир: „Франција основаше човекови права во Алжир. Но таа едноставно заборави да се придржува кон нив”, додаде Макрон.

Ултранационалистката Марин Лепен која во анкетите води пре останатите претседателски кандидати, но според прогнозите најверојатно ќе загуби од Макрон доколку се соочат во втор круг, изјави дека неговите забелешки се еднакви на предавство.

„Дали има нешто посериозно кога сакате да бидете претседател на Република, а одите во странство и ја обвинувате земјата која сакате да ја водите за злосторство против човештвото”, запраша таа реторички на емисијата Q & A, а нејзините поддржувачи ова веднаш го објавија на Фејсбук, обвинувајќи го Микрон за „непочитување на Франција”.

Претходно, заменикот претседател на нејзината партија „Национлаен фронт“, Флориан Филипо на Твитер го запраша: „Г-дин Макрон, дали патиштата, болниците, францускиот јазик и францускта култура се злочини против човештвото? Стоп за ова постојано покајание!“

Републиканецот Франсоа Фијон, кандидатот на десниот центар кој е изедначен со Макрон во трката да обезбеди место во вториот круг, исто така, го обвини Maкрон за ретерирање од неговиот претходен став. крај/мф/вс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *