Меј: Британија мора да го напушти единствениот пазар на ЕУ

Меј: Британија мора да го напушти единствениот пазар на ЕУ

 

Британската премиерка Тереза Меј во вторникот изјавила дека Велика Британија не може да остане дел од единствениот европски пазар, бидејќи тоа би значело дека воопшто не ја напуштила ЕУ, пренесуваат светските медиуми.

 

Во долгоочекуваниот говор на темата Brexit, Меј порачала дека Велика Британија ќе создаде „ново и еднакво“ партнерство со ЕУ и дека нема да се обиде да се остане „пола надвор, а пола внатре“во Унијата, пренесува ВВС.

 

„Без делимично членствово ЕУ, придружен член на ЕУ или било што, што би не оставило пола надвор, а пола внатре во Унината“, додала Меј и ветила дека ќе се залага за „најголем возможен“ пристап до единствениот пазар на ЕУ по Brexit.

 

„Сакаме да ги купуваме вашите производи, да ви ги продаваме нашите прозиводи, да тргуваме со вас на што е можно послободен начин и да соработуваме за сите да бидеме побезбедни, посигурни и попросперитетни низ едно непрекинато пријателство“, рекла британската премиерка.

 

Европските лидер претходно ја предупредија Велика Британија дека кога ќе ја напушти ЕУ нема да може истовремено да остане дел од единствениот пазар, а да го ограничи слободното движење на луѓето од оваа заедница, што предизвика загриженост во британскиот финансиски сектор, кој се потпира на можноста за соработка со земјите од ЕУ.

 

Меј во својот говор најавила 12 цели за преговорите околу излегување на земјата од ЕУ, меѓу кои и тоа дека двата дома на Парламентот ќе гласаат околу конечниот договор на Велика Британија и ЕУ пред него што да стапи на сила, потоа одржување на заедничките области на движење помеѓу Британија и Република Ирска, а исто така ветила и дека ќе ги укине и „огромните придонеси“ кон Унијата.

 

Настојувајќи да ги намали стравовите дека Британија по Brexit ќе стане изолирана земја, Меј рекла дека сака државата да стане „посилна, поправедна и пообединета отколку било кога“. Британската премиерка претходно, пак, најаи дека до крајот на март годинава ќе биде активиран членот 50 од Лисабонскиот договор за излегувањето на Британија од ЕУ./крај/мф/бс