Наместо Чавушоглу, во Ротердам по копно пристигнува министерката Фатма Каја

Наместо Чавушоглу, во Ротердам по копно пристигнува министерката Фатма Каја

Турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Каја ќе отпатува во холандскиот град Ротердам по копнен пат, објави во саботата агенцијата Anadolu, појаснувајќи дека министерката во моментов се наоѓа во Германија и патува кон Ротердам како одговор на одлуката на холандските власти на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу да го оневозможат слетувањето на холандска територија.

 

Холандската влада, имено, забрани слетување на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој имаше намера во саботата да допатува во Ротердам, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган веднаш од Истанбул порача дека „тие не знаат ниту што е политика, ниту што е меѓународна дипломатија“, нарекувајќи ги холандските власти „остатоци од нацисти и фашизмот“.
Турската влада се обидува да лобира кај својата дијаспора во западна Европа да гласаат на референдумот за проширување на овластувањата на шефот на државата.

Чавушоглу претходно во интервју за телевизијата CNNTurk изјави дека Турција ќе одговори со силни економски и политички санкции, доколку Холандија одбие да му дозволи да слета во Ротердам.

Претходно и Германија и Австрија ги откажаа одржувањата на собирите на турските граѓани ви нивните земји за поддршка на референдумот./крај/мф/сн