Полска предлага кандидат од десниот центар за наследник на Туск на чело на ЕС

Полска предлага кандидат од десниот центар за наследник на Туск на чело на ЕС

Варшава во саботата официјално предложи друг кандидат на должноста претседател на Европскиот совет кој ќе го замени Полјакот Доналд Трамп кому полскиот конзервативци не сакаат да му пружат поддршка.

„Во дипломатската нота ја предложив кандидатурата на (европскиот пратеник од Полска) Јацек Сариуш-Волски на должноста претседател на Европскиот совет“, изјави полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашиковски, пренесува полската новинска агенција PAP.

Новиот евентуален мандат на Доналд Туск кој започна пред две години, би требало да биде на дневен ред следата седница на Европскиот совет која ќе се одржи на 9-ти март во Брисел.

Шеесет и осумгодишниот Јацек Сариуш-Волски од 2004 година е пратеник во Европската парламент каде што е член на Европската народна партија (EPP). Официјално е член на најголемата полска опозициска партија од центарот Граѓанска платформа (PO), но таа неодамна се дистанцираше од него.

Претходно во саботата Вашиковски даде изјава дека врвот на конзервативната владејачка партија Право и справедливост (PiS) побарал од неговиот влада „безусловно“ да му ја ускрати поддршката на Доналд Туск.

Кандидатурата на поранешниот полски либерален премиер за втор мандат, иако и првиот го доби тешко, како што изгледа е напротив пожелна за повеќето важни земји во Европската унија.

Од PiS го обвинуваат Туск дека „го погазил принципот на неутралност кон земја членка на ЕУ, во овој случај токму кон Полска“. Како што се наведува во соопштението на партијата објавено на нејзината интернет страница, Туск ги поддржувал проектите и одлуките кои биле во спротивност со полските интереси и дал поддршка н аполитичката опозиција во својата татковина.

Полска самата не може да го спречи повторниот избор на Туск за претседател на Европскиот совет, бидејќи за тоа не е потребен консензус./крај/мф/сн