Полска ќе го блокира усвојувањето на заклучоците на Европскиот совет поради реизборот на Туск

Полска ќе го блокира усвојувањето на заклучоците на Европскиот совет поради реизборот на Туск

 

Полската премиерка Беата Шидло изјавила во петокот дека нема да ги прифати заклучоците на Европскиот совет, поради повторникот избор на Доналд Туск за претседател на Европскиот совет, со што спред нејзе „самитот веќе не е релевантен“, пренесуваат светските агенции.

 

Во знак на протест поради тоа што челниците на 27-те земји членки и покрај противењето на Полска повторно го избраа Доналд Туск за претседател на Европскиот совет, Шидло најави дека нема да ги поддржи заклучоците, со кои се завршува секој Европски совет и кои мора да се усвојат со консензус.

 

„Тие се обидуваат на некој начин да го прифатат документот, но не знам како и на кој начин. Јасно е запишано дека секој самит завршува со заклучоци. Но доколку една земја не ги прифати, тоа значи дека самитот не е релевантен. Доколку постои начин за друго решавање, тоа покажува дека нема правила и Полска со тоа не се согласува“, рекла Шидло на прес конференција.

 

Доколку нема консензус за заклучоците, секогаш е можно тие заклучоци да се преформулираат во изјава на претседателот на Европскиот совет, кој практично има иста тежина. Шидло најавила дека ќе остане во петок, вториот ден од самитот, кој потоа станува неформален состанок на 27-те земји членки по заминувањето на британската премиерка Тереза Меј./крај/мф/бс