Помалку од половината Италијанци сакаат да останат во ЕУ

Помалку од половината Италијанци сакаат да останат во Европската унија(ЕУ), а повеќе од две третини ја обвинуваат Унијата дека не и помага доволно на Италија околу проблемите со мигрантската криза, покажува извештајот на истражувачкиот институт Eurispes.

Според извештајот, во ЕУ сакаат да останат 48,8 отсто од Италијанците, додека 29,5 отсто поддржуваат референдум за останување во Унијата, сличен на Brexit. Од нив 71,5 отсто ја обвинуваат ЕУ дека не и помогнала на Италија да ја преброди мигрантската криза, а 70,2 отсто сметаат дека Италија заради ЕУ поднела не фер економски жртви.

Што се однесува до животниот стандард, 48,5 отсто тврдат дека оваа година им се намалила куповната моќ, 77,2 отсто одговориле дека знаат луѓе на кои платата не им трае цел месец, а 24,2 отсто се чувствуваат сиромашни. /крај/хн/ст