Претреси во Германија и Британија во врска со Ал Каеда

Претреси во Германија и Британија во врска со Ал Каеда

Претреси во Германија и во Велика Британија спроведени во средата утрото во рамките на истраги за две лица кои се осомничени дека испорачувале наводно хуманитарна помош за поранешната екстремна група Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, објави германското обвинителство за тероризам.

Двајцата осомничени чиишто имиња ниту земји во кои живеат не се објавени, се обвинети дека „со години“ ја помагале споменатата терористичка групација, којашто се преименуваше во Џебхат ал-Фатах ал-Шам по наводното прекинување на врските со Ал Каеда за да бидат изземени од пропаднатиот американско-руски договор за операциите во Сирија. Тие организирале конвои со „амбулантни возила, медицински апарати, лекови и прехранбени производи“.

Во Германија претресите се спроведуваат во западниот дел од земјата, во покраината Северна Рајна Вестфалија. Германското антитерористичко обвинителство не наведе каде се вршат претресите во Велика Британија.

Осомничените минале низ две германски невладини организации „Медицина со срце“ и „Медицина без граници“, коишто се сметаат за блиски со салафистичката заедница, чијашто бројност во Германија последните години е значително зголемена./крај/мф/сн