МАКФАКС

Родниот град на Маркс ќе ја прифати контроверзната кинеска статуа

Родниот град на Маркс ќе ја прифати контроверзната кинеска статуа
14.03.2017, 21:56

Германскиот град Трир одлучи да ја прифати големата статуа на Карл Маркс, подарок од Кина за 200-годишнината од раѓањето на еден од втемелувачите на комунизмот, и покрај некои размислувања дека со тоа се испраќа лош сигнал поради наводно кршење на човековите права во Кина.

Расправата за статуата на којашто Карл Маркс е прикажан со високо подигната глава и со книга во раката ги подели жителите на Трир, крај границата со Луксембург. Приврзаниците сметаат дека тоа е големо признание за градот во кој е роден славниот филозоф.

„Излегува дека ја поддржуваме кинеската државна идеологија којашто е одговорна за кршењето на човековите права. Такво нешто не можеме да дозволиме во нашето слободно општество“, изјави Тобиас Шнјдер, член на локалниот огранок на Слободните демократи.

Градскиот совет, меѓутоа, со 47 гласови „за“ и 7 „против“ се реши да го прифати кинескиот подарок, пренесува Reuters.

Кинескиот уметник Ву Вејшан предложил статуата да биде висока 4,9 метри, на постамент од 1,4 метри и да се постави во Порта Нигра, најпознатото место во градот и една од најголемите и најзачуваните градски порти кои старите Римјани ги подигнале северно од Алпите.

Моделот на статуата е изложен од почетокот на март, а градскиот совет најави дека ќе разговара со уметникот и со кинескиот конзулат во Франкфурт за тоа кој ќе ги плати 70.000 евра за постаментот./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *