МАКФАКС

Соработниците на Саркози упорни Фијон да избере наследник за изборите

Соработниците на Саркози упорни Фијон да избере наследник за изборите
06.03.2017, 15:13

Соработниците на поранешниот француски претседател Николас Саркози во понеделникот од неговиот поранешен премиер Франсоа Фијон, кој убедливо победи на ланските ноемвриски партиски предизбори за претстојните претседателски и кој се сметаше за фаворит но се најде во центарот на аферата со наводни лажни вработувања на своето семејство и поради што ќе биде најверојатно повикан на суд, побарале да избере „наследник“, јавуваат француските медиуми.

 

„Политичкиот правец на Франсоа Фијон е добар, но тој повеќе не може да биде гарант за единството на политичкото семејство на десницата и центарот. Бараме да ја преземе одговорноста и самиот да го избере наследникот“, појасниле соработниците на Николас Саркози по средбата на поранешниот шеф на државата, и откако поранешниот премиер и шеф на државата 71-година Ален Жипе објави дека не сака да ја прифати кандидатурата.

Жипе изјави дека одлучил „еднаш и засекогаш“ дека нема да учествува на претседателските избор, откако претходно во неделата изјави дека ќе ја прифати само доколку 63-годишниот Фијон самиот се повлече. Со тоа пропаднаа надежите на многумина во неговата конзервативна партија Републиканци, кои стравуваат дека ќе доживеат пораз.

Жипе рече дека Фијон ја прокоцкал победата, нарекувајќи го „тврдоглав“, бидејќи не сака да се повлече од претседателската трка за наводното проневерување јавни пари. Се смета дека неговата одбрана којашто се темели на тврдења за заговор и политички атентат само довела до ќорсокак.

Меѓутоа, како што пренесуваат агенциите, ниту самиот Жипе не понудил алтернативен план за изборите од кои француските избирачи ги делат ниту 50 дена. Француските претседателски избори ќе се одржат на 23-ти април, а вториот круг ќе се одржи на 7-ми мај, а Фијон беше до скандалот фаворит за враќање на десницата на власт./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *