Европа
Тимот на Брисел кој ќе го „пегла“ договорот за развод на Велика Британија со ЕУ
– Mишел Барние е главниот преговарач на Европската унија за Брекзит. Тој во моментов располага со тим од 29 лица, кои ќе ги координираат напорите на Брисел за постигнување договор за развод со Велика Британија до 2019 година.
Тимот
Тимот е предводена од 66-годишниот Барние, поранешен француски министер и еврокомесар, а тимот може да координира и да користи експертиза од Европската комисија.
Заменик главен преговарач е Сабине Вејнд, која е долгогодишен претставник на Германија во Европската комисијата. Таа учела на Кембриџ во 80-тите години на минатиот век. Првата половина од 23-годишната кариера ја минува во Европската комисија, каде работи во областа на трговската политика, а подоцна е ангажирана на работни задачи за координација помеѓу евро-институциите.
Како главен советник за стратегија, координацијата и комуникација е Стефани Ризо, француски економист со кариера во областа на буџетите и финансии во Европската комисијата. Таа директно е потчинета на Барние.
Нејзиниот седум член тим вклучува правни и дипломатски советници, како и малтешки претставник, чија задача е да ги одржува врските меѓу 27-те земји членки на ЕУ без Британија.
Ова ќе се случува преку извештаи до Европскиот совет, предводен од поранешниот полски премиер Доналд Туск. Белгискиот дипломат Дидие Сејоус, таму ќе биде координаторот за Брекзит Во јуни, кога завршува шестмесечното европско претседателство на Малта, Естонец ќе ја преземе екипата на Барние, следен е Бугарин, Австриец, па Романец.
Три специјализирани одделенија ќе одговараат пред Вејнд: внатрешен пазар, сектори и меѓусекторски прописи со седумчлен тим: буџет, расходни обврски и програми со двајца членови, трговија и надворешните односи, внатрешна и надворешна безбедност со тројца членови.
Времето
Британскиот премиер Тереза Меј изјави дека почетокот е 29 март, официјалното активирањето на член 50 од договорот за напуштање на ЕУ.
Откако Меј испрати официјално писмо, за Велика Британија почнуваат да течат двете години во кои треба или да постигне договор, или да биде исфрлена од ЕУ, без да најде решение за проблемите.
Барние вели дека тоа му дава рок од 16 месеци тешка работа, која би требало да заврши некаде до октомври 2018 година. Во рамките на тој период тој треба да се постигне договор – официјално ратификуван од земјите и Европскиот парламент, пред Велика Британија да ја напушти заедницата во март или април 2019 година.
Условите
Барние методично се ангажирал со решавањето на проблемите во области како: британските плаќања за покривање на обврските што направила како земја членка (претставници на ЕУ зборуваат за, грубо кажано, околу 60 милијарди евра); правниот статус на вработените во странство, граѓани на ЕУ и на Велика Британија од двете страни на новата граница; како ќе функционира новата граница, особено во врска со трговијата и најмногу во Ирска.
Освен да посочате деталите околу односите со ЕУ, Меј вели дека сака да се постигне сеопфатен договор за слободна трговија во рамките на овие две години. Многу претставници на ЕУ и на Велика Британија се сомневаат дека тоа може да се случи за толку краток период. ЕУ инсистира разводот да биде договорен пред да се дефинираат условите за нови трговски односи и е отворена за преодни договори од 2019 година
“Денес е прв ден на еден многу тежок пат”, рече во средата Мишел Барние.крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.