МАКФАКС

Фијон порача дека не се откажува, анкетите покажуваат дека Жипе би влегол во вториот круг

(Ален Жипе (л.) и Франсоа Фијон)

Фијон порача дека не се откажува, анкетите покажуваат дека Жипе би влегол во вториот круг
05.03.2017, 21:13

 Мислат дека сум сам, но вие никогаш нема да се откажете, порача во неделата попладнето кандидатот на конзервативците на претстојните претседателски избори поранешниот премиер 63-годишниот Франсоа Фион, поздравен од повеќе илјади приврзаници во Париз, додека истовремено анкетите укажуваат дека неговиот противкандидат на партиските предизбори поранешен премиер и шеф на дипломатијата 71-годишниот Ален Жипе би влегол во вториот изборен круг.

 

„Мислам дека сум сам, сакаат да бидам сам, ви благодарам што дојдовте и покрај лошите временски услови, карикатурите а понекогаш и навреди“, изјави Франсоа Фијон на собирот одржан по силен дожд на кој сепак не вети дека ќе продолжи да се бори, пренесува AFP.

Овој „голем народен собир“ организиран во близина на париската знаменитост Ајфеловата кула, сепак, за аналитичарите изгледа како еден од последните обиди на Фијон да одговори на оние кои го бараат неговото повлекување поради скандалот за лажно вработување на својата сопруга Пенелопа и нивните две деца, за работи кои не ги вршеле, наводно злоупотребувајќи пари на даночните обврзници.

„Ви должам извинувања, па и извинување што морам да ја бранам својата чест и честа на мојата сопруга, а вам, како и на мене, најважно е да ја браниме нашата земја“, изјави конзервативниот кандидат кој се соочува со повлекување на поддршката во неговиот табор, 49 дена пред одржување на првиот круг од претседателските избори.

„Верувајте дека добри знам за што сум одговорен во ова искушение. Освен предавството, правосудниот календар и кампањата на валкање, оваа програма за којашто се залагам, на која ѝ верувам, на којашто ѝ верувате, наидува на големи пречки“, додаде Фијон признавајќи дека сторил „грешки“.

„Ја преиспитав својата совест“, рече Фијон повторувајќи дека критичарите нема да го принудат да се повлече.

„Фијон држи се, потребен си ѝ на Франција“, извикуваа според извештаите илјадници негови приврзаници, но нема процени колку луѓе присуствувале на овој собир.

Според досегашните анкети Фијон кој важеше за фаворит за конечниот исход до крајот на јануари, би испаднал уште во првиот круг на 23-ти април, додека во вториот круг би влегле кандидатката на крајната десница Марин Лепен и левиот центрист Емануел Макрон.

Истражувањето на јавното мнение објавено во неделата, пак, направено од институтот Kantar Sofres-Onepoint спроведено меѓу 2-ри и 4-ти март на примерок 1.027 испитаници, додека растат притисоците врз Фијон од неговата партија да се повлече од трката а на негово место да се кандидира Жипе.

Анкетата покажува дека Фијон добива само 17 отсто од гласовите, 3-процентни поени помалку отколку во анкетата од февруари, што е резултат кој го исклучува од вториот круг, во кој би се пласирале Лепен со 26 отсто и Макрон со 25 отсто од гласовите.

Меѓутоа, според сценариото со коешто Жипе би го заземал местото на Фијон, тој со 24,5 отсто би го истиснал Макрон од вториот круг кој во тој случај би освоил само 20 отсто, додека Лепен би се пласирала со 27 отсто.

Поранешниот премиер Алан Жипе, кој беше надмоќно победен од Франсоа Фијон во вториот круг од предизборите во партијата Републиканци односно на десницата и центарот во ноември 2016 година, истакна дека нема да „јуриша“, освен доколку „Фијон самиот не се повлече“.

Извори од партијата во неделата за медиумите изјавија дека раководството на партијата би можело да го повика фијон да се повлече а да го замени Жипе, особено по средбата на вториот во саботата вечерта со поранешниот претседател Николас Саркози кој го поддржа Фијон по првиот круг на предизборите.  Пратеникот Жан Леонети потврди за медиумите дека во текот на неделата попладнето дека еден од предисловите за „преземање“ на кандидатурата е да ја поддржи Фијон, како и целата партија да застане зад него./крај/мф/сн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *