МАКФАКС

Франција: Маж си го убил семејството, па се самоубил фрлајќи се под воз

Франција: Маж си го убил семејството, па се самоубил фрлајќи се под воз
22.03.2017, 20:20

Француската полиција во среда ги пронајде телата на три деца и една жена во домот на 46 годишен маж, кој изврши самоубиство фрлајќи се под воз.

Полицијата на местото на самоубиството, јужно од Лион, пронашла порака во автомобилот на мажот, во кој вели дека го убил своето семејство, рече извор во жандармеријата.

Полицијата која отишла во неговиот дом, го пронашла телото на партнерката на мажот во приземјето. Телото на неговиот пет и пол годишен син и 12 и 13 годишните деца на неговата партнерка биле на катот во три одвоени соби.

Четворицата биле убиени со ладно оружје и биле во пижами.

Полицијата наведува дека мажот бил разделен од својата партнерка и дека се иселил пред 15 дена. /крај/хн/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *