Француската левица го избира својот претседателски кандидат

Француската левица го избира својот претседателски кандидат

Гласачите на француската левица во неделата на избирачките места низ земјата се определуваат за кандидатот кој ќе ги претставува на претседателските избори кои треба да се одржат во два круга, на 23-ти април и 7-ми мај.

Во трката за номинацијата се седум кандидати, а победникот и второпласираниот ќе влезат во вториот круг кој е закажан на 29-ти јануари. Од четворицата на социјалистичката партија и тројца од сродните леви партии, најмногу шанси му се даваат на Мануел Валс, донеодамнешен премиер во владата на претседателот Франсоа Оланд Негов најголем противкандидат е поранешниот министер за економија Арно Монтебург.

Победникот на предизборите во левицата на претседателските избори ќе им се спротистави на кандидатите на конзервативната партија Републиканци, поранешниот премиер Франсоа Фијон, и на кандидатката на крајната десница Национален фронт, Марин Лепен, и според моменталните анкети има најмали шанси да се избори за вториот круг.

Претседателот Оланд минатиот месец изјави дека не сака да се вклучи во трката за вториот мандат. Неговиот историски рекордно најнизок рејтинг за актуелен претседател на Франција внесе поделби во редовите на социјалистите и се смета за товар за кој и да е од кандидатите на партијата кој би ја освоил номинацијата./крај/мф/сн