Јункер: Трговската војна не би била во интерес ниту на ЕУ, ниту на САД

Јункер: Трговската војна не би била во интерес ниту на ЕУ, ниту на САД

 

Трговската војна помеѓу САД и Европа би била штетна за двете страни, предупредил претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер во интервју за германските медиуми.

 

На прашањето дали Европа би можела да ја издржи трговската војна со САД, тој одговорил дека „таа не била во интерес ниту на ЕУ, ниту на САД“.

 

Јункер додал дека потребно е сериозно да се сфатат протекционистичките коментари на американскиот претседател Доналд Трамп и да постои подготвеност кај европската страна.

 

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин во четвртокот изјавил дека САД не бара започнување на било каква трговска војна, но инсистирал на тоа дека некои договори мора да се модифицираат, за да бидат „повеќе избалансирани“, пренесува РСЕ./крај/мф/бс