Европа
Владејачката германска партија ЦДУ го прогласи Ердоган за непожелно лице
Потпретседателот на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и премиер на сојузната покраина Хесен, Волкер Буфиер во вторникот ги прогласи турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и членовите на турска влада за непожелни лица во Германија, пренесуваат светските агенции.
Непосредно по ваквата одлука на германските власти, турската влада ги откажа сите планирани посети на турските министри во Германија.
„Префрлањето на нацистички методи кон канцеларката Ангела Меркел е потсмевање со жртвите на националсоцијалистичкиот режим, и со тоа е помината црвената линија. Турскиот претседател и неговата влада веќе не се пожелни во Германија, тоа мора да биде јасно. Тоа сега е и прашање на самопочитување од наша страна“, рекол Буфиер во интервју за германските медиуми.
Тој го обвинил Ердоган дека преку „неверојатни навреди“ и со сите сили сака внатрешни судири во Турција да ги префрли во Германија. Германскиот претставник истовремено го одбранил умерениот тон на канцеларката Меркел, која досега одбиваше да изрече јасна забрана за настапите на турските политичари, кои во Германија ги повикуваат Турците кои живеат таму да гласаат на референдумот со кој преку уставни измени во Турција ќе се овозможат поголеми претседателски права. Во Германија инаку живеат околу 1,4 милиони турски државјани со право на глас за овој референдум.
„Ние имаме мудар државник кој мора да делува помеѓу разните Трампови и Ердогани“, порачал Буфиер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.