Европа
Пукање пред британскиот парламент, повеќе ранети, можни жртви
Најмалку две лица се ранети, но може има и жртви, во пукањето пред британскиот парламент во средата во центарот на Лондон, по што се блокирани приодите кон зградата на британскиот законодавен дом, јавуваат медиумите.
Лондонската полиција соопшти дека се случил вооружен инцидент на Вестминстерскиот мост, недалеку од зградата на парламентот. „Полицијата е испратена на теренот“, беше објавено на Twitter.
Фоторепортерот на агенцијата Reuters јави дека на блискиот Вестминистерски мост по звуците кои наликувале на истрели, видел најмалку десетина ранети лица.
Агенцијата, пак, од неименуван извор во зградата на британскиот парламент кој е блокиран, добила информација дека се ранети 12 лица.
Очевидци за британските медиуми и на социјалните мрежи тврдат дека на мостот виделе тела на загинати. Но засега за овие информации нема потврда.
Стрелецот бил ликвидиран од полицијата, изјавил спикерот на долниот дом, пренесува агенцијата РИА. Според него, со повреда од нож се здобил еден полицаец.
Во моментов, затворен за сообраќај е мостот Вестминистер, како и истоимената станица на лондонската подземна железница.
„Инцидентот, според сé судејќи, се одиграл на Вестминстерскот мост. Сето опкружување е блокирано, над местото кружи полициски хеликоптер“, јави телевизијата Sky News, чијашто репортерска екипа е на местото на настанот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.