Европа
Украдената порта од логорот Дахау се враќа во Германија
Влезната врата на некогашниот германски нацистички логор Дахау, украдена во 2014 година, во средата ќе биде вратена во логорот, откако беше пронајдена во Норвешка.
Портата нема да биде поставена нека ќе биде поставена на оригиналното место во поранешниот логор откако ќе биде сместена во внатрешниот логорски музеј. Портата беше пронајдена во Норвешка на 28-ми ноември ланската 2016 година во близина на градот Берген, но форензичките истражувања не откриле отпечатоци од прсти или траги од ДНК според коишто би се откриле крадците.
Портата со натписот „Arbeit macht frei“ (Трудот ослободува) беше украдена кон крајот на 2014 година од влезот во нацистичкиот концентрационен логор Дахау, северозападно од Минхен, објави полицијата на германската сојузна земја Баварија. Полицијата безуспешно нудеше награда од 10.000 евра за информации поврзани со оваа капија, украдена на 2-ри ноември 2014 година. Засега нема информации за осомничени.
Уште една капија од нацистички логор со истиот натпис беше украдена претходно. Во декември 2009 година натписот „Arbeit macht frei“ беше украден од вратата на поранешниот концентрационен логор Аушвиц кој германските фашисти го подигнале во Полска. Неонацистички активист Андерс Хоегстром поради тоа што во декември 2010 година е осуден на две години и 8 месеци затвор, а растурениот на три дела натпис е пронајден и обновен во 2011 година.
Дахау, кој се наоѓа недалеку од јужниот германски град Минхен, е отворен во март 1933 година, набрзо по доаѓањето на власт на Адолф Хитлер, каде што биле затворани противниците на Третиот рајх, а подоцна оние кои според нацистичката расна доктрина требало да бидат елиминирани, како Евреите, Ромите и други.
Повеќе од 200 илјади луѓе од цела Европа биле затворени во Дахау, кој станал модел за другите концентрациони логори коишто нацистите ги подигнале во текот на своето дванаесетгодишно владеење. Се проценува дека во овој логор умреле 41.500 луѓе, пред да биде ослободен од американските војници во април 1945 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија и се закани на Полска
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков се закани дека Русија ќе ги таргетира нуклеарните оружја и објектите на НАТО, доколку тие бидат распоредени во Полска. Тој рече дека заедничките нуклеарни мисии на НАТО во близина на руската граница се сметаат за закана за нејзината безбедност, пренесува руската државна агенција ТАСС.
„Да не кажам ништо за трајно распоредување, за што зборуваат жешките глави во Варшава. Затоа сите оние политичари кои разговараат за таква опција во Полска и во странство треба да разберат: соодветните капацитети неизбежно ќе бидат цел. Тие ќе бидат први на список на нашето воено планирање“, се закани тој.
Полска во понеделникот објави дека е подготвена да прифати нуклеарно оружје на своја територија доколку НАТО, чиј член е, одлучи да го зајакне своето источно крило бидејќи Русија распоредува ново оружје во Калининград и Белорусија.
„Доколку нашите сојузници одлучат да распоредат нуклеарно оружје на наша територија како дел од дистрибуцијата на нуклеарно оружје за да ја зајакнеме безбедноста на источното крило на НАТО, ние сме подготвени на тоа“, изјави Анджеј Дуда за весникот Факт.
„Војната меѓу Русија на Владимир Путин и НАТО би завршила со неизбежен пораз на Москва“, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.
„Ние, Западот, не треба да се плашиме од конфликт со Путин, туку обратно“, рече Сикорски за време на говорот во Сејм, Долниот дом на полскиот парламент. Сикорски додаде дека рускиот воен и економски потенцијал „бледи во споредба со оној на Западот“, бидејќи НАТО има три пати повеќе воен персонал, три пати повеќе воздушен персонал и четири пати повеќе бродови од Русија.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.