Европа
Фијон го престигна Макрон во анкетите
Кандидатот за следениот претседател на Франција од редовите на конзервативната партија Републиканци, Франсоа Фијон, го надомести заостанувањето и го престигна својот главен конкурент во борбата за влегување во вториот изборен круг, кандидатот на левицата и центристите Емануел Макрон, покажуваат анкетите објавени во вторникот, и се чини оти поранешниот премиер на поранешниот претседател Николас Саркози има шанси да ѝ се спротистави на кандидатката на крајната десница Марин Лепен во трката за конечна победа.
Анкетите сега на Франсоа Фијон му даваат најмногу шанси за победа на претседателските избори, што го враќана позицијата која ја имаше пред четири седмици кога во јавноста излегоа обвинувањата за наводното фиктивно работно место коешто овој конзервативец го издејствувал за својата сопруга.
Фијон беше уверлив фаворите за конечна победа за Елисејската палата до крајот на јануари, кога падна во анкетите откако весникот Le Canard Enchaine дека на својата сопруга Пенелопа ѝ исплатил половина милион евра за работа којашто со години всушност на ја работела.
Телевизијата BFM TV ги објави резултатите од испитувањето на јавното мнение спроведено од социолошкиот институт Elaba, покажува дека Марин Лепен која ги застапува евроскептичните и противдоселенички ставови со леснотија ќе влезе во вториот круг, бидејќи во првиот круг кој ќе се одржи на 23-ти април ќе има меѓу 27 и 28 отсто поддршка од гласачите.
Сепак, Франсоа Фијон или Емануел Макрон, без разлика кој од нив ќе се пласира во вториот круг на 7-ми мај поради традиционалното коалицирање против крајната десница лесно би извојувале конечна победа на претседателските избори, и тоа Макрон со 59 наспроти 41 отсто, а Фијон со 56 наспроти 44 проценти за Лепен.
Меѓутоа, моменталните анкети го ставаат Макрон, поранешен инвестициски банкар и министер за економија со 17 и 18 отсто поддршка во првиот круг, додека поранешниот премиер Фијон со 21 и 22 отсто поддршка од гласачите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.