Европа
Поборниците на независноста на Шкотска протестираа против пристрасноста на BBC
Неколку илјади приврзаници на независноста на Шкотска протестираа во неделата на улиците на Глазгов пред седиштето на британскиот јавен сервис BBC против неговото известување за референдумот за независноста кое го оценуваат како пристрасно, четири дена пред гласањето.
Истовремено и британската кралица Елизабета Втора првпат во јавноста го коментираше референдумот за независност на Шкотска кој ќе се одржи на 18-ти септември, тврдејќи дека Шкотите треба „внимателно да размислат“ за тоа како ќе гласаат.Демонстрантите во Глазгов ги истакнаа транспарентите во полза на независноста на Шкотска протестирајќи на начинот на кој известува BBC. И пред една седмица, шкотскиот премиер и челник на заговорниците на истапувањето од сојузот стар 307 години со Обединетото Кралство, Алекс Салмонд, исто така, го обвини BBC дека несразмерно и неправедно ја следи кампањата. Во разговор за весникот The Sunday Herald, Салмонд за новинарите на BBC изјави дека ги „цени, иако не сфаќаат дека се пристрасни“,Од BBC тврдат дека нивното следење на дебатите за иднината на Шкотска во Велика Британија е урамнотежена и непристрасна.Британската кралица Елизабета Втора, според пишувањето на Times во неделата по утринската литургија во Крејти недалеку од нејзиниот имот Балморал во Шкотска изјавила оти се надева дека Шкотите „внимателно ќе размислат“ за тоа како ќе гласаат. Одговарајќи на коментарите на присутните за референдумот, кралицата рекла „Се надевам дека луѓето внимателно ќе размисла за својата иднина“, дознава Reuters.Заминувањето на Шкотска од унијата би ја поделило Велика Британија, а иако се претпоставува дека кралицата Елизабета е против истапувањето на Шкотска од унијата со Англија, таа последните месеци беше многу внимателна и досега воопшто не го коментираше референдумот.Коментирајќи ја за The Guardian информацијата за изјавата на кралицата во врска со шкотскиот референдум, од Бакингемската палта изјавиле дека изјавата на кралицата „во целост е непристрасна“. „Секогаш истакнуваме дека кралицата е непристрасна според уставот, над политиката е, и секогаш говореше дека тоа е прашање за коешто треба да одлучи народот на Шкотска“, рекол неименуваниот соговорник на весникот.Приврзаниците на независноста овој викенд во испитувањата на јавните мненија ја загубиле предноста над приврзаниците за останување на Шкотска во Обединетото Кралство којашто ја имаа изминатата седмица, но сепак се констатира дека претстои неизвесен исход од изјаснувањето./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.