Европа
Британија: Малезискиот авион веројатно соборен со руска ракета
Велика Британија во саботата попладне се придружи на американските обвинувања против Русија дека малезискиот авион над источна Украина „многу веројатно“ бил урнат со проектил набавен во Русија, а истрелан од позиција на проруските бунтовници, без објавување на докази кои би оделе во прилог на таа теза.
Британското министерство за надворешни работи соопшти дека Русија објавила низа контрадикторни тврдења за падот на малезискиот авион во кој загинаа сите 298 патници и членови на екипажот од кои десетина се Британци. Британија има сознанија и за податоци кои овозможуваат да се насети дека спаратистите (како што западот ги нарекува проруските бунтовници во источна Украина) планирале наводно да расфрлаат делови од друг авион на местото од падот на малезискиот „Boeing 777“, за да ги залажат истражителите, се вели во соопштението на Форинг офисот.Британското соопштение е објавено откако рускиот амбасадор во Велика Британија. Александар Јаковенко за медиумите во четвртокот изјави дека тврдењата дека Русиај е вмешана во уривањето ан авионот немаат основа. Соопштението на Форинг офисот наречено „Руските митови за МН17“ ги отфрли тврдењата на Русија дека само дава хуманитарна помош на бунтовниците, како и дека западот нема докази кои наводно го покажуваат спротивното и неговите тврдења немаат кредибилитет. „Кога се знае колку докази има, а ги има сѐ повеќе и повее, без убедливи докази за спротивното сметаме дека веројатно летот МН17 е урнат со руски проектил земја-воздух СА-11, со кој ракувале од областа на проруските сепаратисти кои во Украина ја имаат руската поддршка“, се вели уште во соопштението што го цитира Reuters.„Русија објави голем број контрадикторни тврдења кои една другата ја исклучуваат, а за тој пад ја обвинуваат Украина, а тие не се темелат на факти“, се додава во изјавата на британската дипломатија.Претставници на руската армија на 21-ви јули објавија податоци во коишто е регистрирана ситуацијата на територијата на Донецката област непосредно пред трагедијата на малезискиот патнички авион. Тие факти, според Москва, пред властите во Киев поставуваат многу прашања, како што се за зголемената активност на украинските радарски системи во текот на денот на несреќата, лоцирањето во близина на територијата контролирана од бунтовниците на ракетен систем „Бук“ на украинската армија и воени авион на украинските сили кој му се приближил на малезискиот авион кусо непосредно пред падот.Руското министерство за надворешни работи, исто така, во саботата карактеризирајќи наводите на САД идентични со оние на Велика Британија, како отворени лаги во антируската кампања, побара од Вашингтон да одговори на 10-те прашања од Министерството за одбрана на Русија и 22-те прашања формулирани од руската Федерална агенција за воздушен сообраќај, вклучително и тоа зошто доколку имале сознанија дека бунтовниците поседуваат ракетен систем во тоа подрачје дозволиле по таа маршрута да се одвиваат цивилни летов, на кои сѐ уште нема одговор./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.
Европа
Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци
Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.
Да потсетиме, ден претходно слична несреќа се случи во Германија кога автобус на „Фликсбас“ се преврте на автопатот во близина на градот Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а над 20 се повредени.
Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.
Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.
Се уште не е јасна причината за несреќата. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила. Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.
Европа
Украина се обидува да ја убеди Индија да застане на страната на Киев, а не на Москва
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Индија да застане со Киев, велејќи дека блиските врски на Индија со Русија се засноваат на избледеното советско наследство, објави денеска Фајненшл тајмс.
Кулеба вчера пристигна во Њу Делхи со цел да ги зајакне врските со Индија, како и да ја промовира визијата на Киев за пат кон мирот во Украина.
Според Ројтерс, Индија традиционално има блиски економски и одбранбени врски со Москва и се воздржува да ја критикува Русија поради нејзината инвазија на Украина. Згора на тоа, купувањето на руска нафта од Индија е на рекордно ниво во последно време.
Кулеба рече дека Индија има многу да добие од проширувањето на трговските и технолошките врски со Украина, поставувајќи го прашањето за улогата на индиските компании во повоената обнова на Украина.
Украина сака да ја „врати трговијата“ со Индија, во форма на извоз на земјоделски производи како што е сончогледовото масло, а самата сака да купи повеќе индиски стоки. „Ние сме заинтересирани да увеземе дел од тешката машинерија што ја произведува Индија“, рече Кулеба.
Украина се надева дека во наредните месеци ќе одржи самит на светските лидери без учество на Русија, со цел да го промовира и зајакне својот план за мир, кој меѓу другото повикува на повлекување на руските трупи од нејзината територија.
Русија ја отфрли таа украинска дипломатска иницијатива.