Европа
ЕУ ги јакне напорите во борбата против тероризмот
Министрите за правосудство и безбедност на земјите на Европската унија(ЕУ) повикаа во четврток на јакнење на борбата против тероризмот со подобра меѓусебна соработка, засилени истраги на терористичките мрежи, регистар на патници во воздушниот сообраќај, контрола на надворешните граници, спротивставување на радикализацијата, како и борба против финансирањето на тероризмот.
Министрите на вонредниот состанок два дена по терористичките напади во Брисел во кои беше убиено 31 лице, во својата заедничка изјава набројаа сѐ што треба да се направи на ниво на ЕУ, за да се засили колективната способност за борба против тероризмот.Министрите истакнаа дека е потребно итно да се засилат напорите во истрагите на терористичките мрежи одговорни за нападите во Брисел и Париз, како и на сличните мрежи.Исто така, барат веќе следниот месец да се усвои и започне да се применува директивата за регистар на патниците во воздушниот сообраќај, итно да се доврши законодавството во борбата против тероризмот, што вклучува системска контрола на надворешните граници на шенген просторот, контрола и поседување на огнено оружје, проширување на Европскиот информациски систем на казнени регистри и на државјаните од трети држави.Се бара и спроведување на акцискиот план за борба против фалсификаторите на документи и целосно спроведување на постоечките правила на ЕУ за хемикалии кои служат за изработка на експлозивни направи, како и соработка во борбата против тероризмот меѓу ЕУ и Турција, земјите од северна Африка, Блискиот исток и западен Балкан.Министрите барат националните власти задолжени за сообраќај и сообраќајни претпријатија да ги делат информациите за да можат проценките на ризикот да се вршат на ефикасен начин и да се прилагодат мерките за потенцијалните закани во сообраќајот.Земјите членки барат итно и системски да се подобри снабдувањето и интероперабилноста на европските и меѓународните бази на податоци во подрачјето на безбедноста, патувањата и миграциите, со користење на современа технологија за заштита на приватноста.Меѓу задачите што треба да се направат е и забрзување на работата на развојот на европски автоматизиран систем за препознавање на отпечатоци на прсти интегриран во Шенгенскиот информациски систем. До јуни оваа година треба да се направи конкретен и спроведлив план за подобрување на собирањето, проверката и размената на информации на подрачјето на борбата против тероризмот.Земјите членки треба да продолжат да развиваат ефикасни мерки за спречување на радикализација и спротивставување на реториката на Даеш(Исламска држава) преку комуникациска стратегија. Европската комисија ќе ја засили соработката со ИТ компаниите на спротивставување на терористичката пропаганда, а до јуни оваа година да се направи и кодекс на однесување против говорот на омраза на интернет. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.