Европа
Фабиус: Доведена е во прашање смислата за постоење на ЕУ
Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус оцени дека миграциска криза го доведува во прашање „функционирањето и смислата за постоење на Европа“, во интервјуто дадено за повеќе европски весници во вторникот, ден пред вонредниот самит на Европската унија за бегалците.
„Европа има доживувано и други кризи, меѓутоа, сега на извесен начин се доведени во прашање основите на Европската унија и самата смисла на нејзиното постоење и нејзиниот функционирање“, изјави францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус во интервјуто дадено за неколку тиражни европски дневни весници од франкофонско/романско говорно подрачје – француски Le Figaro, швајцарски La Tribune de Geneve, шпанскиот El Paisu, италијанската La Repubblici и белгиски Le Soiru.
Според него, „илузија претставува пристапот кој се сведува на тоа секоја членка да може да излезе од кризата со воспоставување контрола на границите“.
„Време е искрено да се каже дека Европската унија не може да ја одржува политиката на отворени врати за приемот на сите економски имигранти, и покрај неопходните мерки за солидарноста кон бегалците“, додава Фабиус.
Според него, во спротивно, доколку напливот имигранти остане и натаму неконтролиран, тоа ќе доведе до „хаос, распад на европскиот систем и радикализација на сите процеси во општеството и во умовите на луѓето“. „Тоа ќе има сериозни последици за Европа во секој поглед“, предупредува Фабиус.
„Каков, на пример, може да биде резултатот на британскиот референдум (за членството на Велика Британија во ЕУ), доколку проблемот со бегалците не биде решен, доколку кај народите од ЕУ се создаде чувството дека поефикасно би можеле да се справат со ситуацијата самостојно“, прашува францускиот министер за надворешни работи.
За решавање на кризата, Фабиус смета дека е неопходно „создавање центри за прифаќање и идентификација на мигрантите во земјите во коишто прво влегуваат на територијата на ЕУ, организирање рамномерна нивна редистрибуција на територијата на ЕУ), помагање на трети земји кои се наоѓаат на предната линија на кризата (како Либан, Турција и Јордан), како и активно барање политички и воено решение решение во Сирија“.
„Доколку тоа не биде направено, ризикот од социјална експлозија ќе биде реален и значителен“, заклучува Фабиус./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон Дер Лајен: На Европа не и се заканува војна, но треба да бидеме подготвени и да произведуваме оружје
Европа во моментов не се соочува со непосредна закана од војна, но мора да биде подготвена за тоа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Заканата од војна можеби не е непосредна, но не е невозможна. Треба да бидеме подготвени и тоа започнува со итната потреба за зајакнување и трансформирање на вооружените сили на членките на блокот“, рече Фон дер Лајен на Европскиот самит за одбрана и безбедност.
Според неа, ЕУ мора да произведе оружје од новата генерација за да „победи на бојното поле“.
„Европа треба да се стреми да развие и произведе нова генерација на оперативни способности за да победи во битките и да обезбеди доволно материјално количество и технолошка супериорност што можеби ќе и треба во иднина, а тоа значи турбо полнење на нашиот одбранбен индустриски капацитет во следните пет години,“ изјави Фон дер Лајен.
Европа
(Видео) Русите го гранатираа Чернихив, загинаа најмалку 13 лица, Зеленски бара дополнителна помош
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери на потребната решителност и поддршка по рускиот ракетен напад врз северниот град Чернихив утринава, при што загинаа најмалку 13 лица.
„Ова немаше да дојде до ова доколку Украина добиеше доволно опрема за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се спротивстави на рускиот тероризам“, објави Зеленски на „Телеграм“.
Министерот за внатрешни работи, Ихор Клименко, во изјава за „Телеграм“ рече дека во нападот загинале најмалку 13 лица, а повеќе од 60 се повредени и дека спасувачките операции се во тек.
Во нападот беа оштетени и четири катни згради, болница, образовна институција и десетици автомобили, додаде тој.
Русија изврши напад со три крстосувачки ракети „Искандер“, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус во коментар за украинскиот јавен сервис „Суспилна“. Тој рече дека три проектили паднале во близина на центарот на градот и дека е оштетена цивилната инфраструктура.
Локалното население е повикано да дарува крв, изјави градоначалникот Олександр Ломако. Чернихив се наоѓа на речиси 150 километри северно од Киев, недалеку од границата со Русија. Кога руските сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, Чернихив беше нападнат, но не беше преземен.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.