Европа
Грција: Меркел и Оланд договориja европски самит, Габриел предупредува дека нов договор е тешко замислив, Москва вели дека е излез од еврозоната
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој ноќта кон понеделникот имал телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, договориле поради исходот од референдумот во Грција со кој е отфрлен предлогот на доверителите, да се одржи итен самит на челниците на еврозоната во вторник, додека германскиот министер за финансии кеа германскиот министер за економија Зигмар Габриел изјави дека откако Атина очигледно ги отфрли условите за новата програма аза финансиска помош, тешко е да се замисли дека би се воделе нови преговори околу пакетот за помош.
Грција којашто во неделата на референдумот со убедливо мнозинство гласаше против предлогот за финансиска помош условена со дополни штедења, од меѓународните доверители, направи „чекор кон излегување на од еврозоната“, оцени заменикот руски министер за финансии Алексеј Ликачев.
„Не можеме да не видиме дека е направен чекор кон излегување од еврозоната“, изјавил Ликачев, кого го цитира агенцијата ТАСС. Но тој истакнал дека уште е рано да се каже дали „Грција ќе оди до самиот крај“.
Самитот на челниците на земјите од еврозоната во вторник за AFP го потврдиле и од Елисејската палата,, потврдувајќи дека претседателот Оланд телефонски разговарал со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со челниците на европските институции Жан-Клод Јункер на Европската комисија, Мартин Шулц на Европскиот парламент и со Туск.
Грчката телевизија ERT претходно јави дека извори од кабинетот на Цирпас рекле дека двајцата челници разговарале за тоа како да се продолжат преговорите меѓу Атина и нејзините доверители, по пропаѓањето на преговорите во текот на состанокот на министрите за финансии на еврозоната на 25-ти мај по што ненадејно беше распишан референдумот.
Според грчките медиуми Цирпас во текот на вечерта разговарал со повеќе европски челници, како и со претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги.
По повод исходот од грчкиот референдум, оваа седмица ќе се сретнат и министрите на финансии на 19-те земји членки на еврозоната, потврди портпаролот на претседателот на Еврогрупата и холандски министер за финансии Јероен Дијселблом. Портпаролот Михел Реијнс само појаснил за Reuters дека состанокот нема да се одржи во понеделник, туку кон крајот на седмицата.
Германскиот министер за економија, Зигмар Габриел, во неделата навечер дека Грција го отфрли предлогот, не може да се замисли дека ќе се водат нови преговори околу пакетот за помош на Грција
„Со отфрлањето на правилата коишто важат во еврозоната (…) преговорите околу програмата вредна милијарди евра тешко може да се замислат, вели Габриел, челник на Социјалдемократската партија (SPD).која е во коалиција со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.
„Ципрас и неговата влада го водат грчкиот народ на патот кон горката напуштеност и безнадежност“, додаде Габриел кој порано благонаклоно гледаше на грчкиот премиер, но колку што стануваше појасен неуспехот на преговорите, толку поостро ги критикуваше неговите чекори. Истакна дека Ципрас „ги урнал последните мостои на кои Грција и Европа можеа да изградат компромис“.
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, во Виена каде учествува на преговорите на шесте светски сили со Иран за неговата нуклеарна програма, оцени дека Атина е таа која мора да одлучи за следните чекори.
„Како прво, мораме да го прифатиме тој резултат. Какви заклучоци од тоа да се извлечат, тоа е одлука којашто мора да се донесе во Грција и затоа топката сега е на нивната страна од теренот“, рече Штајнмаер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.