Европа
Изгласана недоверба на шпанскиот премиер
Мнозинството пратеници во шпанскиот Парламент му изгласаа недоверба на претседателот на техничката влада, Маријано Рахој, со што е оневозможено формирањето функционална влада и се продлабочи политичката криза во земјата, а воедно почна и одбројувањето до третите избори за само една година.
Рахој, лидер на конзервативната Народна партија (ПП), ја загуби довербата на пратениците со 189 гласа „против“, наспроти наспроти 170-те кои беа „за“.Нему му беше потребно апсолутно мнозинство од 176 гласа во 350-члениот парламент, но тој беше поддржан само од неговата партија, центристичкото движење „Сијудаданос“ и еден пратеник од Канарските острови, пренесува The Local.Народната партија, која е на власт од 2011 година, на изборите во декември и јуни освои мнозинство од пратеничките места, но два пати остана без апсолутно мнозинство бидејќи гласачите, гневни заради корупција и строгото штедење, се свртеа кон новоформираните партиски опции.Во Парламентот во петок ќе се одржи уште едно гласање за доверба, а на Рахој тогаш ќе му треба просто мнозинство, односно повеќе гласови во негова корист отколку против него, но и тогаш има мали шанси тој да успее во тоа, оценуваат медиумиte.Социјалистите, кои на изборите беа второпласирани, одбија да го поддржат Рахој, а нивниот лидер Педро Санчез во Парламентот кажа дека Рахој „нема кредибилитет“.Доколку за два месеца не се формира новата влада, Парламентот повторно ќе биде распуштен, а Шпанците ќе бидат повикани на нови избори, на 25 декември, наведуваат американските медиуми.Социјалистите и неколку други партии веќе предложија скратување на кампањата за повторените избори да може да се одржат на 18 декември. Со оглед на цврстите ставови на партиите аналитичарите сметаат дека третите избори сега се најверојатното сценарио, вели Антониот Баросо, аналитичар на шпанската политика, од тинктенк организација во Лондон.„Тешко е да се замисли дека нешто повеќе може да и наштети на шпанската демократија од тоа да им се каже на граѓаните дека нивниот глас е безвреден во два наврати и дека се потребни општи избори по трет пат“, вели Рахој во своја одбрана.Гласачите остануваат фрустрирани од политичарите кои гледаат дека не можат да постигнат компромис и да формираат функционална влада.„Немаат срам, само за себе гледаат, не за доброто на државата“, вели Хесус Руиз, 348-годишен градежник додека ја поправа фонтаната во близина на палатата од 17 век на центарот на Мадрид, каде е сместено министерството за надворешни работи./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Кремљ за евентуалното блокирање на „Телеграм“: „Сè повеќе станува алатка во рацете на терористите“
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека во моментот не се планира блокирање на социјалната мрежа „Телеграм“ во Русија.
„Не, во моментот нема такви планови“, изјави Песков за каналот „Шот“ на прашањето дали Русија планира да го блокира „Телеграм“.
Тој додаде дека основачот на оваа платформа, Павел Дуров, треба повеќе да внимава како се користи оваа социјална мрежа.
„Секако, би очекувале поголемо внимание од Павел Дуров бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошки аспект, кој порасна, всушност, пред очите на нашата генерација сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, се користи за терористички цели“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува „РИА новости“.
Како што изјави во средата за „РИА новости“ извор запознаен со ситуацијата, сторителите на терористичкиот напад во предградието на Москва биле регрутирани преку каналот на „Телеграм“, „Глас Хорасан“, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.
Пратеникот на државната Дума од Обединета Русија, Олег Морозов, денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на „Телеграм“, кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови користејќи вештачка интелигенција.
Европа
Шолц: Мирот во Украина е можен во секој момент, само ако Путин ги повлече своите војници
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, варварска кампања и ги повлече војниците.
Шолц за „Маркише Агемајне цајтунг“ изјави дека секогаш имало иницијативи за посредување.
„На пример, веднаш по избувнувањето на војната, Русија и Украина директно преговараа меѓу себе. Преговорите потоа пропаднаа затоа што Русија ги искористи само како изговор за истовремено да ги премести своите трупи на исток за голема офанзива“, посочи тој.
Како што тврди, токму тогаш на виделина излегле масакрите во Буча и Ирпин, злосторства против човековите права извршени од страна на руските вооружени сили врз цивилното население, со што разговорите се лишени од секаква основа, пренесува медиумот.
„Малку подоцна се разговараше за договорот за жито, со успех. За жал, Путин во одреден момент повторно го откажа“, додаде Шолц.
Тој изјави дека имало разговори и за безбедноста во нуклеарната централа „Запорожје“ и за размена на затвореници.
„Голем број земји, вклучително и Украина, во моментот разговараат на ниво на советници за безбедност за тоа што би можело да изгледа како нешто што може да доведе до мировен процес, но дозволете ми да бидам многу јасен: мирот е можен во секое време. Путин само треба да стави крај на неговата варварска кампања и да ги повлече трупите“, истакна Шолц.
Европа
В недела голем тест за Ердоган: ќе успее ли „султанот на Турција“ повторно да ја освои власта во Истанбул и Анкара
В недела во Турција ќе се одржат општински избори, а во оваа пригода партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган (АКП) ќе се обиде да ја врати контролата врз Истанбул и Анкара, градови што гласаа против АКП во 2019 година.
Аналитичарите тврдат дека овие избори ќе бидат мерка за поддршка на Ердоган на национално ниво, но и за силата на опозицијата, особено на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Според „Ројтерс“, се очекува тесна трка за градот Босфор, кој е дом на повеќе од 16 милиони луѓе и придонесува повеќе од една четвртина од националниот БДП.
На последното локално гласање во 2019 година главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) го изненади Ердоган кога преовлада во Истанбул и Анкара ставајќи крај на повеќе од две децении владеење на АКП и нејзините исламистички претходници.
Главниот противник на актуелниот градоначалник на Истанбул, пратеникот на ЦХП, Имамоглу, е членот на АКП, Мурат Курум, поранешен министер во кабинетот, а анкетите покажуваат мала предност за Имамоглу. Анкетите велат дека актуелниот градоначалник на Анкара, Мансур Јавас, е далеку пред противникот на АКП, Тургут Алтинок, поранешен претседател на општина во тој град.
Речиси 11 милиони луѓе имаат право на глас во Истанбул, според Врховниот изборен совет. Одѕивот на општите и локалните избори е многу висок во Турција, речиси 90 проценти. Минатиот мај Ердоган беше реизбран за претседател и неговата алијанса освои мнозинство во парламентот на тесни општи избори, резултат што, според „Ројтерс“, ја поделил и деморализирал алијансата ЦХП и другите опозициски партии.
Буџетот на Истанбул е многу поголем од сите други 80 града во земјата со 516 милијарди лири (16,05 милијарди долари) во 2024 година вклучувајќи ги и нејзините подружници, а буџетот за главниот град Анкара, од друга страна, е 92 милијарди лири.
Освен во Истанбул и Анкара, резултатите се очекува да бидат блиски и во градовите Бурса, Адана и Анталија. В недела Турција ќе гласа и во другите 79 провинции во земјата за лидери и окружни шефови на провинции, окружни совети и локални администратори.