Европа
Пет војници загинаа во источна Украина
Најмалку петмина украински војници загинале во последните 24 часа во источна Украина, со што бројот на загинати украински војници во операцијата на властите во Киев против побунетите рускојазични источни региони се искачи на 1.052, објави во вторникот украинската армија.
Најмалку петмина украински војници загинале во последните 24 часа во источна Украина, со што бројот на загинати украински војници во операцијата на властите во Киев против побунетите рускојазични источни региони се искачи на 1.052, објави во вторникот украинската армија.
„Петмина војници загинаа, а десетмина се ранети“, се наведува во соопштението на украинската армија. Во него се прецизира дека тројца загинале во судирите во близина на селото Березовае, југозападно од Деноцек, најголемото упориште на проруските бунтовници.
Засега не се познати околностите во кои настрадале украинските војници. Но се истакнува дека во воената „антитерористичка операција“, како што ја именува официјален Киев, од април годинава загинале вкупно 1.052 војници.
Ситуацијата во источна Украина нагло се влоши откако на 2-ри ноември се одржаа изборите за властите во самопрогласените ткн народни републики во Донецк и Луганск. Киев и Западот тврдат дека тие се нелегитимни и ги сметаат за поткопување на мировните преговори започнати на 5-ти септември во белоруската престолнина Минск со кои беше договорен прекин на огнот, додека бунтовниците и Москва, која објави дека ги признава резултатите од изборите, тврдат дека со нив властите на побунетите региони добиле легитимитет да преговараат со централните киевски власти.
Последните денови забележани се конвои со тешко вооружување, вклучително и тенкови и камиони кои се движат кон Донецк. Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) потврдија дека се сé поголеми изгледите за тотална војна во источните украински региони.
Челниците на Донецк и на Луганск претходно предупредуваа дека украинскиот претседател Петро Порошенко со формирањето на новите воени единици и формации се подготвува за нова офанзива во Донбас, откако на 26-ти октомври беа спроведени предвремените парламентарни избори во Украина и беше пополнет новиот состав на парламентот во кој влегоа изразено прозападни и националистички политички опции./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.