Европа
Путин не верува во војна со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е веројатно дека ќе дојде до војна со Украина, но го предупреди Киев својот пораз во судирот со бунтовниците во источните региони да не го оправдуваат со наводно руско воено мешање и поттикнување на конфликт меѓу двете земји.
„Мислам дека такво апокалиптично сценарио е малку веројатно и се надевам дека до тоа никогаш нема да дојде“, изјави претседателот Владимир Путин на прашање од државната телевизија
Тој ги критикуваше, како што рече, обидите на украинските функционери од безбедносната сфера да го „оправдуваат својот пораз“ во источна Украина и да тврдат дека станува збор за руско-украински конфликт.
„Многу е лошо да се прави обид да се оправдува поразот и да се прават обиди вината за тоа да се фрли врз Русија. Меѓутоа, најлошото е што тоа претставува поттикнување на конфликт меѓу Украина и Русија“, предупреди Путин и притоа тој се осврна на изјави кои доаѓаат од виски политички личности на Украина, вклучително и од високи офицери на украинската армија. „
Речиси постојано од избувнувањето на конфликтот во источна Украина ланскиот април, прозападните власти во Киев, како и највисоки американски лица и функционери на НАТО ја обвинуваат Русија дека финансиски и воено, со техника и борци, па дури и со регуларни единици ги помага рускојазичните бунтовници. Москва решително ги отфрла овие обвинувања и секогаш истакнува дека за тие треба да бидат аргументирани со веродостојни докази, дека станува збори за внатрешен украински конфликт и оти таа е заинтересирана за надминување на длабоката политичка и економска криза во соседната земја.
Путин, исто така, рече дека не гледа неопходност од организирање нов состанок тон Минск 3, со челниците на Украина, Франција и Германија за решавање на судирите во источна Украина. „Доколку се почитуваат договорите од Минск за прекин на огнот во источна Украина и повлекување на тешкото вооружување од боиштето, тоа е патот кон нормализација на состојбата во регионот“, оцени рускиот претседател.
Истовремено истакна дека за исполнување на споменатите договори Европа „не е повеќе заинтересирана отколку што е Русија“. „Никому не му е потребен конфликт на периферијата на Европа, особено вооружен“, рече Путин.
Путин ги повика властите во Киев да сторат сé „за во оваа голема европска земја“ животот да се врати во нормала, како и да го решат односите со југоистокот на земјата „на цивилизиран начин“.
Според него извесна недоверба сé уште e присутна во односите со челниците на Германија и Франција, но дека тие најверојатно ќе стекната доверба во Русија попрво отколку што ќе ја загубат.
„Апсолутна доверба не може да се најде ниту во едно семејство, а на меѓународно ниво тоа е уште потешко, но ми се чини дела ние се разбираме меѓусебно и генерално имаме доверба еден во друг, иако, се разбира, одреден елемент на недоверба уште има“, рече Путин..„Но јас сè уште ја имам претставата за тоа дека нашите партнери повеќе имаат отколку што немаат доверба во нашата искреност“, истакна рускиот челник.
Но Путин забележува што европските лидери „ги игнорираат нацистичките сигнали“ кои се забележуваат во украинскиот конфликт, а истовремено го охрабрува тоа што според неговата оцена тие се „искрено заинтересирани“ за решавање на ситуацијата.
„Тие се трудат да не го забележат тоа“, рече рускиот претседател одговарајќи на прашањето дали му успеало да им го сврти вниманието на своите европски колеги на националистичката идеологија која се слави во Киев.
„Но без оглед на тоа што јас би го забележал, ми се чини дека кај нив има искрена желба да се пронајдат компромисни решенија коишто ќе доведат до конечното решение“, рече Путин.
Во врска со тоа, истакна дека со членот од договорот од Минск за неопходноста од децентрализација на власта, односно со неговата фуснота, се разјаснува што се подразбира под тоа. „Авторите на таа забелешка се нашите француски и германски колеги, и тоа јасно зборува за нивната искрена намера да се изнајдат компромисите за коишто зборував“, рече рускиот претседател.
Путин во истото интервју истакна дека ги одржува контактите со украинскиот претседател Петро Порошенко, но понекогаш е „крајно изненаден“ од изјавите на украинското раководство, особено од неодамнешните обвинувања дека администрацијата на Кремљ стои зад настаните на Мајдан од февруари минатата година.Во петокот украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека полициски докази наводно покажуваат дека советникот на рускиот претседател Владислав Сурков управувал со „странските снајперисти“ коишто во февруари минатата година убиваа демонстранти и полицајци на протестите во Киев со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович.
„Го одржува контактот (со Порошенко). Понекогаш се прашувам колку се одушевува од јавните изјави украинското раководство, на пример за тоа дека нашата администрација била вмешана во трагичните настани на Мајдан пред една година година – тоа е апсолутна глупост, многу далеку од реалноста, дури и зачудува од каде може да потекнува“, рече Путин.
„Понекогаш слушам дека таквите изјави се базирани на неточни податоци од специјалните служби, но јас би молел да се биде повнимателен во искористувањето на таквите сведоштва кои се ставени на масата на моите украински колеги“, порача Путин./крај/нф/сн
Извор: ВГТРК
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.