МАКФАКС

Reuters: Според анкетите СПД заостанува само еден поен зад конзервативците на Меркел

Reuters: Според анкетите СПД заостанува само еден поен зад конзервативците на Меркел
15.03.2017, 10:07

 

Германската социјалдемократска партија (СПД) ужива 32 отсто поддршка и заостанува само еден поен зад христијандемократите на канцеларката Ангела Меркел, информира во средата Reuters, повикувајќи се на анкетата на компанијата “Форса”.

 

За антимигрантската партија “Алтернатива за Германија” се 9 отсто од анкетираните лица, “Зелените” и “Левите” имаат 7 проценти, додека Партијата на слободните демократи – 6 отсто

.

Истражувањето е спроведено меѓу 6 и 10 март, меѓу 2.505 гласачи, а процентот на статистичката грешка е 2,5 проценти./крај/мф/кс

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *