Европа
Шкотска: Последните пораки пред референдумот
Таборите „за“ и „против“ независноста на Шкотска ги упатија во средата своите последни пораки до избирачите, ден пред одржувањето на референдумот на кој ќе се одлучува дали Шкотите ќе ја напуштат унијат долга 307 години со остатокот од Обединетото Кралство.
Таборите „за“ и „против“ независноста на Шкотска ги упатија во средата своите последни пораки до избирачите, ден пред одржувањето на референдумот на кој ќе се одлучува дали Шкотите ќе ја напуштат унијат долга 307 години со остатокот од Обединетото Кралство.
Испитувањата на јавното мнение покажуваат дека резултатот од референдумот ќе биде неизвесен до самиот крај. Трите анкети коишто ги спровеле агенциите ICM, Survation и Opinium, објавени во вторникот навечер покажуваат 52 отсто од Шкотите се против независноста, додека 48 проценти се залагаат за отцепување.
Во отвореното писмо до избирачите, шкотскиот премиер и главен поборник за идејата за независност Алекс Салмонд изјави дека референдумот претставува „најголем и најзначаен момент кои некогаш ќе го имаме“. Тој им порача на граѓаните да ги игнорираат „сé поочајните и поапсурдни страшни приказни“ коишто ги пласира Даунинг стрит (седиштето на владата на Велика Британија) и да имаат верба во себе. Салмонд тврди дека Шкотска ќе биде добредојдена во Европската унија и го отфрла извештаите во кои се истакнува изјавата на шпанскиот премиер Маријано Рахој дека Шкотска ќе мора да поднесе барање за членство во ЕУ како и секоја друга земја кандидат.
Алистер Дарлинг, поранешниот британски министер за финансии и за социјални прашања, кој ја води кампањата против шкотската независност, вели дека гласањето на независност би претставувала „трагедија“, како и дека имало многу лоши работи во кампањата на поборниците на отцепувањето. Отфрлањето на независноста ќе понуди „побрза, посигурна и подобра промена во Обединетото Кралство отколку годините на препирки коишто ќе следат доколку утре изгласаме излегување од Обединетото Кралство“, истакна Дарлигн.
Во потегот кој медиумите го интерпретиран како параноичен, британскиот премиер Дејвид Камерон и уште двајца челници на главните партии во Вестминистер ветија во вторникот „нови големи овластувања“ за Шкотска доколку ја донесе одлуката против независноста.
Во тој контекст Дарлинг призна дека постојат „разлики меѓу партиите“ за тоа кои овластувања ќе бидат пренесени на Шкотска, но тврди дека исто така било и пред референдумот во 1997 година со кој повторно беше воспоставен шкотскиот парламент.
Дарлинг подоцна во средата треба да се појави заедно со поранешниот премиер Гордон Браун на унионистички собир во Глазгов.
Речиси 4,3 милиони регистрирани избирачи требаа да излезат на референдум во четвртокот за да ја одредат иднината на Шкотска./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.