Европа
Списание блиско на IS повикувало на напади на цркви
Списание коешто се дистрибуира во Франција кое се смета блиско на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS), уште во март годинава повикувало на напади на места на кои се вршат богослужби, пишува во вторникот парискиот дневен весник Le Figaro, откако утрото во близина на Руан во заложничка драма беше заклан 84-годишен свештеник во напад за кој одговорноста ја преземаа џихадистите.
Во еден од написите во списанието Dar al Islam, распространето во март годинава преку француските сервиси за споделување, се наведува повикот за напад на местата кои се групно посетувани од страна на цивили, како што се и светилиштата.
„При извршувањето на секоја ваша операција, ќе морате да бидете сигурни во своите цели и морате да имате резервни опции за секој ваш основен план. Треба да ги имате за свои цели посетените места – туристичките објекти, синагогите, црквите, масонските ложи, седиштата на политичките партии“, го цитира Le Figaro текстот од исламистичкото списание.
Во вторникот попладнето едно лице е притворено во рамките на истрагата за нападот во црквата во Сент-Етјен-ду-Рувре, меѓутоа засега неговиот идентитет полицијата не го обелоденува, пренесе агенцијата AFP.
Околу 9,45 часот во вторникот утрото двајца неидентификувани напаѓачи вооружени со ножеви земаа во заложништво пет лица во споменатата црква крај Руан за време на утринската богослужба, меѓу кои свештеникот, двајца црковни служители и двајца верници. Набрзо црквата беше блокирана од силни полициски единици и напаѓачите кои се обиделе да го напуштат зданието беа застрелани. Во црквата е пронајдено телото на 84-годишниот свештени Жак Амел, кој бил заклан. Еден од заложниците е во критична состојба.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој пристигна на местото на инцидентот, нападот го нарече терористички чин чија цел е да внесе раздор во мултиетничкото и мултиконфесионално француско општество. Тој за нападот ја обвини Исламската држава, којашто малку подоцна и самата ја презема одговорноста, наведувајќи дека извршителите се „двајца нејзини борци“.
Според извори од истрагата, еден од терористите им бил познат на француските безбедносни служби. Тој во 2015 година бил уапсен во Турција во обид да се префрли во Сирија во редовите на Исламската држава, по што е екстрадиран во Франција каде што е минал во затвор околу една години, а потоа е ослободен и ставен под судски надзор со електронска алка. Живеел со родителите и имал право да го напушта домот во период од 8,30 до 12,30 часот. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Два питбула убија 13-месечно дете, трагедија во Италија
Утрово, во Италија, во провинцијата Салерно, два питбула го нападнале тринаесетмесечното момче Франческо Пио Д’Амара и го убиле. Кучињата го нападнале во дворот на селската куќа. Мајка му и вујко му се обиделе да го спасат, но кучињата ги повредиле и нив. Според првите информации на полицијата, која на местото на несреќата пристигнала со возило на брзата помош, сопствениците на кучињата биле познајници на мајката. Кучињата биле пуштени на слобода во дворот на семејната куќа, а тие го нападнале детето бидејќи го гледале или како играчка или како закана.
Паола, мајката на детето, по несогласувањата со сопругот, се преселила во Камполонго, каде што изнајмила дел од селската куќа во која живеела сама со синот. Питбулите им припаѓале на сопствениците на куќата, кои живееле во друг дел од двокатната зграда, пишува „Салерно кориере“.
Според соседите, кучињата досега не покажале знаци на агресија. Градоначалникот на Еболи, Марио Конте, изјави дека администрацијата ќе ги сноси трошоците за погребот на детето. Во Италија не постои список на потенцијално опасни кучиња. Во 2006 година Министерството за здравство донесе правилник во кој беше вклучен список на раси што се сметаат за опасни, но оваа одредба подоцна беше укината.
Европа
Европа се загрева најбргу: објавен алармантен извештај
Заедничкиот извештај објавен од „Коперник“ (Службата за следење на климатските промени на ЕУ) и Светската метеоролошка организација (СМО) откри загрижувачки нови податоци. Имено, Европејците преку ден страдаат од невидена топлина, а навечер се под стрес поради непријатните горештини.
Европа е континентот што најбргу се загрева, предупредуваат експертите, затоплување со стапка далеку над глобалниот просек.
Стапката на смртност од топлина е зголемена 30 % во последните две децении во Европа. Економските загуби поврзани со временските услови и климата се проценуваат на 13,4 милијарди евра, според извештајот, како што објави „Гардијан“.
Според извештајот, температурите во Европа биле над просекот 11 месеци минатата година вклучувајќи го и најтоплиот септември од почетокот на евиденцијата. Поради жештините и сушата, имаше големи пожари, кои ги опустошија селата и ги задушија жителите на градовите.
Пожарите беа најинтензивни во јужноевропските земји, како Португалија, Шпанија и Италија. Грција беше погодена од најголемиот шумски пожар во ЕУ, изгореа 96.000 хектари шума, се вели во извештајот.
Од друга страна, обилните дождови предизвикаа смртоносни поплави. Во 2023 година Европа беше околу 7 % повлажна од просекот во последните три децении. „Минатата година Европа беше погодена од најголемиот шумски пожар. Во исто време бевме сведоци на една од највлажните години, силни морски топлотни бранови и разорни поплави“, изјави Карло Буонтемпо, директор на „Коперник“.
Континентот ја доживеа најтоплата година досега. Северозападна Европа го доживеа најтоплиот јуни досега, а поголемиот дел од Европа беше погоден од топлотни бранови за време на продолженото лето од јуни до септември.
На врвот на топлотниот бран во јули, 41 отсто од јужна Европа беше погодена од силен до екстремен топлотен стрес, што ги влошува постојните здравствени состојби и може да го зголеми ризикот од болести.
На Пиринејскиот Полуостров и во Источна Европа имаше суша. Бројот на денови со снежни врнежи беше под просекот, се вели во извештајот, а недостигот на зимски снег во комбинација со летните топлотни бранови значеше дека глечерите на Алпите исклучително се топат. Во последните две години алпските глечери изгубија околу 10 % од преостанатиот волумен.
Сè уште не е сосема јасно како глобалното затоплување предизвикува сè повеќе и повеќе обилни врнежи. Потоплиот воздух може да задржи повеќе влага, што овозможува поекстремни бури. Но, од друга страна, поради сложеноста на климатските промени, врнежите не мора секогаш да се случуваат. Постои многу посилна врска помеѓу глобалното затоплување и топлотните бранови.
Извештајот не дава податоци за минатата година за бројот на смртни случаи поврзани со топлина, но се знае дека имало 70.000 дополнителни смртни случаи поврзани со топлина во 2022 година. „Бројот на смртни случаи поврзани со топлина веројатно ќе биде поголем во 2023 година“, рече климатологот Фридерике Ото од Империјал колеџ во Лондон.
Европа
Напад во Русија, двајца полицајци загинаа, еден повреден
Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет кога неидентификуван напаѓач нападнал руска полициска единица во градот Карачаивск во Карачаевско-Черкезија, во Северен Кавказ, соопшти регионалниот оддел на Истражниот комитет на Русија.
Како што се наведува, денеска, непознато лице со огнено оружје пукало неколкупати во полициски одред во градот Карачајевск, а потоа напаѓачот ги украл службеното оружје и муницијата на полицијата, пренесува „Интерфакс“.
Потрагата по напаѓачот е во тек.