Европа
Шведска компанија сака со авион да ги пренесува сириските бегалци во Европа
Наместо бегалците да ги минуваат немирните мориња, да прескокнуваат огради од бодликава жица и да бегаат пред непријателски расположените полицајци, шведска компанија сака во Европа да ги префрли на поедноставен, побезбеден и поевтин начин, со авион.
Непрофитната иницијатива којшто се нарекува „Refugee Air“ има намера бегалците да ги превезува директно во Шведска од соседните земји на Сирија,како Либан, Јордан и Турција, каде што во моментов престојуваат мнозинството од четирите милиони Сиријци кои ја напуштија својата од војната разурната татковина.
„Првиот лет ќе го направиме пред првиот снег оваа зима во Стокхолм“, соопшти компанијата.
Луѓето коишто бегаат од Сирија трошат илјадници долари за опасното патување до Европа , многу повеќе отколку што чинат авионските билети, но авиопревозниците не им дозволуваат на бегалците да се качуваат во авионите според европската директива од 2001 година. влегување на бегалците. Според оваа уредба, авионските компании се одговорни за сите трошоци, вклучително и трошокот за депортација, за патниците кои по своето доаѓање на дестинациите бараат азил а тоа на крајот ќе им биде одбиено. Тоа значи дека дури и оние кои имаат изгледи да добијат азил, не можат во европските земји да патуваат со авион, бидејќи авиопревозниците не сакаат да ризикуваат.
Од „Refugee Air“ велат дека сакаат започнат со еден лет за да покаже дека системот функционира, и се надеваат дека тоа ќе ги охрабри и другите воздухопловни компании, изјави соосновачот Емад Занд, бизнисмен од Шведска.
„Тоа е налудничаво, не можеме да седиме со скрстени раце и да гледаме како луѓето умираат. Ќе им покажеме на сите дека постои и друг начин, истакнува Занд, кој за европската директива вели дека „ги турка луѓето во рацете на криумчарите, кои ја искористуваат нивната несреќа“.
Минатата 2014 година азил во Шведска побарале 81.000 луѓе, сразмерно повеќе во однос на бројот на жителите отколку во која и да е друга европска земја, при што мнозинството биле Сиријци.
Во „Refugee Air“ велат дека ќе соработуваат со невладините организации за да спроведат „детална анализа“ на патниците и да бидат сигурни дека оние коишто ќе се качат во авионите имаат големи шанси да до бијат азил во Шведска. Истакнуваат дека ќе го понесат трошокот за оние чиишто барања ќе бидат отфрлени.
Компанијата ќе ги наплаќа билетите за место во авионот, а цената ќе биде далеку пониска од онаа којашто бегалците им ја плаќаат на криумчарите за опасните и често смртоносни патувања преку морињата и по копното. Исто така, финансиски ќе им помогне на оние кои немаат доволно пари за билет.
„Сакаме да покажеме дека нашето решение функционира. Тоа е шлаканица в лице за сите кои велат дека тоа е невозможно“, вели Занд./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Два питбула убија 13-месечно дете, трагедија во Италија
Утрово, во Италија, во провинцијата Салерно, два питбула го нападнале тринаесетмесечното момче Франческо Пио Д’Амара и го убиле. Кучињата го нападнале во дворот на селската куќа. Мајка му и вујко му се обиделе да го спасат, но кучињата ги повредиле и нив. Според првите информации на полицијата, која на местото на несреќата пристигнала со возило на брзата помош, сопствениците на кучињата биле познајници на мајката. Кучињата биле пуштени на слобода во дворот на семејната куќа, а тие го нападнале детето бидејќи го гледале или како играчка или како закана.
Паола, мајката на детето, по несогласувањата со сопругот, се преселила во Камполонго, каде што изнајмила дел од селската куќа во која живеела сама со синот. Питбулите им припаѓале на сопствениците на куќата, кои живееле во друг дел од двокатната зграда, пишува „Салерно кориере“.
Според соседите, кучињата досега не покажале знаци на агресија. Градоначалникот на Еболи, Марио Конте, изјави дека администрацијата ќе ги сноси трошоците за погребот на детето. Во Италија не постои список на потенцијално опасни кучиња. Во 2006 година Министерството за здравство донесе правилник во кој беше вклучен список на раси што се сметаат за опасни, но оваа одредба подоцна беше укината.
Европа
Европа се загрева најбргу: објавен алармантен извештај
Заедничкиот извештај објавен од „Коперник“ (Службата за следење на климатските промени на ЕУ) и Светската метеоролошка организација (СМО) откри загрижувачки нови податоци. Имено, Европејците преку ден страдаат од невидена топлина, а навечер се под стрес поради непријатните горештини.
Европа е континентот што најбргу се загрева, предупредуваат експертите, затоплување со стапка далеку над глобалниот просек.
Стапката на смртност од топлина е зголемена 30 % во последните две децении во Европа. Економските загуби поврзани со временските услови и климата се проценуваат на 13,4 милијарди евра, според извештајот, како што објави „Гардијан“.
Според извештајот, температурите во Европа биле над просекот 11 месеци минатата година вклучувајќи го и најтоплиот септември од почетокот на евиденцијата. Поради жештините и сушата, имаше големи пожари, кои ги опустошија селата и ги задушија жителите на градовите.
Пожарите беа најинтензивни во јужноевропските земји, како Португалија, Шпанија и Италија. Грција беше погодена од најголемиот шумски пожар во ЕУ, изгореа 96.000 хектари шума, се вели во извештајот.
Од друга страна, обилните дождови предизвикаа смртоносни поплави. Во 2023 година Европа беше околу 7 % повлажна од просекот во последните три децении. „Минатата година Европа беше погодена од најголемиот шумски пожар. Во исто време бевме сведоци на една од највлажните години, силни морски топлотни бранови и разорни поплави“, изјави Карло Буонтемпо, директор на „Коперник“.
Континентот ја доживеа најтоплата година досега. Северозападна Европа го доживеа најтоплиот јуни досега, а поголемиот дел од Европа беше погоден од топлотни бранови за време на продолженото лето од јуни до септември.
На врвот на топлотниот бран во јули, 41 отсто од јужна Европа беше погодена од силен до екстремен топлотен стрес, што ги влошува постојните здравствени состојби и може да го зголеми ризикот од болести.
На Пиринејскиот Полуостров и во Источна Европа имаше суша. Бројот на денови со снежни врнежи беше под просекот, се вели во извештајот, а недостигот на зимски снег во комбинација со летните топлотни бранови значеше дека глечерите на Алпите исклучително се топат. Во последните две години алпските глечери изгубија околу 10 % од преостанатиот волумен.
Сè уште не е сосема јасно како глобалното затоплување предизвикува сè повеќе и повеќе обилни врнежи. Потоплиот воздух може да задржи повеќе влага, што овозможува поекстремни бури. Но, од друга страна, поради сложеноста на климатските промени, врнежите не мора секогаш да се случуваат. Постои многу посилна врска помеѓу глобалното затоплување и топлотните бранови.
Извештајот не дава податоци за минатата година за бројот на смртни случаи поврзани со топлина, но се знае дека имало 70.000 дополнителни смртни случаи поврзани со топлина во 2022 година. „Бројот на смртни случаи поврзани со топлина веројатно ќе биде поголем во 2023 година“, рече климатологот Фридерике Ото од Империјал колеџ во Лондон.
Европа
Напад во Русија, двајца полицајци загинаа, еден повреден
Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет кога неидентификуван напаѓач нападнал руска полициска единица во градот Карачаивск во Карачаевско-Черкезија, во Северен Кавказ, соопшти регионалниот оддел на Истражниот комитет на Русија.
Како што се наведува, денеска, непознато лице со огнено оружје пукало неколкупати во полициски одред во градот Карачајевск, а потоа напаѓачот ги украл службеното оружје и муницијата на полицијата, пренесува „Интерфакс“.
Потрагата по напаѓачот е во тек.