Европа
Терорист Французин и 15-годишно момче меѓу напаѓачите во Париз
Еден Французин, роден во париско предградие е идентификуван преку отпечатоци од прсти, како напаѓач во концертната хала Батаклан, потврди полицијата, а медиумите јавуваат за уште една идентификација на момче на 15-годишна возраст како напаѓач во вчерашниот терористички акт во главниот град на Франција.
Во медиумите излегоа и информации за националноста на жртвите, од кои најголем број се Французи, но има и двајца Романци, двајца Белгијци, еден Швеѓанец, меѓу мртвите.
Италијанската агенција ANSA извести дека најмалку двајца Италијанци се повредени, а една студентка е исчезната.
Reuters пренесува дека има повредени Американци, додека Британија нема потврда за жртви или повредени.
Ајфеловата кула е затворена за посетители на неодредено време, поради нападите во Париз, соопштија од управата на кулата.
Компанијата одлучи да ја затвори „иконата“ на Париз, која нормално ја посетуваат 20.000 туристи секој ден.
Папата Франциско е потресен од терористичкиот напад. Како што пренесе AFP, тој вели:„Потресен сум. Не разбирам како може вакви работи да напарат човечки суштества. Не може да има оправдание, религиско или човечко. Ова е нечовечко“.
„Јас сум со оние кои страдаа, со Франција, која многу ја сакам“, вели Папата.
Полицијата потврди дека кај еден од напаѓачите нашла сириски пасош, иако не прецизира на кое место е најден пасошот, од шесте места кои беа нападнати.
Шефот на полицијата на Париз, повика на Twitter јавноста да не шири гласини или лажни информации. Предупредувањето дојде откако на социјалните мрежи се прошири информација за пукање во Бањолет, што се покажа неточно.
Во синоќешните напади, потврдени се 128 мртви и повеќе од 250 ранети од кои 99 критично, иако медиумите пренесуваат поголеми бројки на загинати, во нападите кои осум терористи ги извршија на шест локации во Париз./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.