Европа
Туск: Без контрола на надворешните граници Шенген наскоро ќе биде минато
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, предупреди во неделата дека шпенгенскиот простор ќе стане минато доколку не се осигури ефикасен надзор на надворешните граници на Европската унија.
„Доколку не ги заштитиме подобро нашите надворешни граници, Шенген наскоро ќе стане минато“, предупреди претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на почетокот од самитот на 28-те земји членки на Европската унија и Турција, кој започна во неделата попладне во Брисел, посветен на мигрантската криза.Туск кажа и дека очекува на споменатата средба ќе биде постигнат договор кој ќе помогне во решавањето на мигрантската криза. Челникот на Европскиот совет додаде дека не треба да се биде наивен и дека Турција не единствениот клуч за решавање на кризата. „Нашата најважна одговорност и должност е да се заштитат надворешните граници“, рече Туск.ЕУ и Турција во недела би требало да го потврдат заедничкиот акциски план, кој вклучува помош на ЕУ за Турција за згрижување на сириските бегалци на нејзина територија, а од друга стана предвидува јакнење на соработката меѓу Брисел и Анкатра на спречувањето на илегалните миграции. ЕУ од своја страна, доколку Турција го исполни својот дел од договорот, ветува забрзување на процесот на укинување на визите за турските државјани, 3 милијарди евра помош и заживување на турските пристапни преговори за членство во ЕУ, кои запреа во 2005 година.Турција, пак, од своја страна би требало да го регистрира сите мигранти, да ја зајакне својата крајбрежна стража и да воспостави подобра соработка со Грција и со Бугарија на спречувањето на нелегалните миграции преку копнените граници.Пред почетокот на самитот ЕУ – Турција, се одржа одвоен состанок на челниците на земјите членки, кои во европскиот буџет повеќе уплаќаат отколку што од него добиваат. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дена не станува збор за состанок на „нето плаќачите, туку земјите кои имаат волја да примат голем број бегалци од Турција по легални канали“.Акцискиот план, кој начелно со Турција го испреговара Европската комисија, предвидува помош од 3 милијарди евра. Дел од 500 милиони евра ќе се осигураат од европскиот буџет, а другите 2,5 милијарди евра ќе ги обезбедат земјите членки. Меѓутоа, засега не е сигурно како ќе се дојде до таа сума.Од нацрт текстот на заедничката изјава која и требала да биде усвоена на крајот од состанокот, произлегува дека земјите членки на ЕУ се повикуваат да дадат свој придонес, што значи дека нема обврски, Покрај тоа, во текстот се поставени многубројни меганизми за обезбедување, кои гарантираат дека помошта може во секој момент да биде прекината доколку Турција не го исполнува својот дел од обврските.ЕК предложи земјите членки да треба да платат сума според единствен критериум, нивниот придонес во европскиот буџет врз основа на бруто националниот доход. Најголемиот дел отпаѓа на Германија – 534 милиони евра. Повеќето земји, пак, немаат уште донесена никаква одлука по ова прашање. Околу самата сума за помош на Турција постојат уште низа нејасни работи. Дипломатски извори велат дека е можно да се зголеми делот кои оди од европскиот буџет, а да се намали директниот придонес на земјите членки. Германија и другите земјите ткн нето плаќачи, дојдоа идеи да се намалат финансиските средства за оние земји нето примачи кои не сакаат да примат мигранти. Меѓутоа, тоа речиси е неизведливо, бидејќи таквата одлука не може да мине во европските институции зашто тоа би значело тоа да го поддржат и оние земји кои со тоа би биле погодени.Од друга страна, Турција се обидува да доби се’ и што повеќе. Таа на почетокот бараше три милијарди евра годишно. Во секој случај, се чини, во заедничката изјава во недела ќе биде потврдена сумата од ти милијарди евра, но поединостите од тоа како ќе се дојде до овој износ ќе се решаваат подоцна./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.