Европа
Украина: Одлуката за оставката на премиерот Јаценјук во четврток
Украинскиот парламент ќе заседава следниот четврток на вонредна сеница за да одлучи за судбината на привремениот премиер Арсениј Јаценјук кој си поднесе оставка којашто може земјата да ја турне во уште подлабока криза, имајќи ги предвид политичката нестабилност, безбедносната криза во источна Украина и меѓународната полициска истрага за падот на малезискиот авион.
Како што дознава агенцијата AFP од неименувани извори, ваквата одлука била донесена доцна вечерта во петокот на средбата на претседателот на Украина, Петро Порошенко, премиерот Арсениј Јаценјук и претседателот на Врховната Рада (парламентот) Олександр Турчинов. Дел од вонредната седница на парламентот во четврток ќе се одвива зад затворени врати, и на неа ќе се разговор за падот на малезискиот „Boeiнг 777“ на 17-ти јули за кој Киев и САД без да изнесат конкретни технички податоци тврдат дека се соборен со проектил земја-воздух над источна Украина која ја контролураат прорусктие бутновнции.
Пратениците на истата седница би требало да ја ратификуваат спогодбата за меѓународната полициска мисија склучена меѓу Украина, Холандија и Австралија, земјите кои на летот МН17 од Амстердам до Куала Лумпур од вкупно 298 жртви загубија 193 односно 28 свои државјани.
Во врска со натамошната судбина на премиерот Арсениј Јаценјук, кој во четвртокот објави дека поднесува оставка, откако две партии од парламентарното мнозинство решија да излезат од коалицијата со што му се создава простор на претседателот Порошенко да распише избори во октомври токму во екот на економската криза и во вооружениот судир со проруските бунтовници. Кој, пак, изрази надеж „ во продолжување на соработката“ со Јаценјук.
Поднесувајќи ја оставката Јаценјук предупреди на драматичните последици од распуштањето на коалицијата за Украина. Истакна дека важните закони не се изгласани, прашувајќи кој би гласал за непопуларните закони пред изборите. Го оцени како морално и политичко злосторство поради ставањето на тесните партиски интереси на коцка судбината на земјата. Јаценјук се реши на овој чекор откако беа блокирани предложените закони за енергетиката и ребалансот на буџетот во врска со зголемувањето на воените трошоци.
Претходно во четвртокот, двете парламентарни групи, УДАР на Виталиј Кличко кој стана градоначалник на престолнината Киев со поддршка на претседателот Петро Порошенко во чија полза претходно ја повлече својата претседателска кандидатура, и националистичката партија Слобода, за која се врзува ултранационалистичкото движење Десен сектор, како и фракционери од пратеничката група на најбројната партија Баткившчина (Татковина) на поранешната премиерка Јулија Тимошенк го објавија растурањето на мнозинската парламентарна коалиција што ќе овозможи распуштање на актуелниот состав на Врховната Рада.
„Сметаме дека во сегашната ситуација парламентот кој ги штити државните криминалци и руските агенти, кој одбива да им го укине имунитетот на оние коишто работат за Кремљ, не треба ни да опстане“, изјави челникот на Свобода, Олег Тјагнибок.
Украинскиот претседател Петро Порошеко го поздрави излегувањето на двете партии од владејачката парламентарна коалиција, истакнувајќи дека „Украинците сакаат целосно нов почеток“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.