Европа
ВИДЕО: Хакери објавија дека упаднале во рекламните билборди во Киев
Хакерската група која се именува „КиберБеркут“, според единиците на специјални намени на поранешната украинска полиција која новите прозападни власти ја расформираа и која се смета за блиска на проруски милиции во југоисточна Украина, на својата страница објави дека упаднала во рекламните екрани во Киев и тврди дека поставила видео материјали на кои се прикажани цивилните жртви од воената операција што од април ја спроведуваат силите лојални на новите киевски власти.
„Ние, ‘КиберБеркут’, имаме намера да ги искористиме сите можности за заштита на интересите на граѓаните на Украина од самоволието на националистичките маргиналци и олигархиската елита. Денеска ние искористивме неколку десетици рекламни паноа во Киев за народот на Украина да го потсетиме за бескорисноста од изборната фарса“, се наведува на интернет страницата на хакерската групаОваа група на 11-ти октомври објави таен извештај за истрагата во врска со падот на малезискиот авион во јули годинава во близина на источниот град Донецк седиштето на проруските бунтовници, и за чие наводно соборување меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва, кој го подготвил началникот на воздухопловните сили на Украина, полковникот Игор Зорин за истрагата на падот чија содржина укажува на „специјален однос“ на комисијата за истражување на падот и украинската војска.Хакерите приложуваат видео од пробиените билборди во неколку локации на украинската престолнина. На видеото се прокажани премиерот Арсениј Јаценјук, спикерот на парламентот Александар Турчинов, челникот на министерството за внатрешни работи Арсен Аваков, челникот на националистичката партија Свобода Олег Тјагнибок, на Дмитриј Јарош, лидерот на Десниот сектор, ултранационалистичко движење кое се смета за воено крило на Свобода, како и на челникот на Радикалната партија Олег Лјашко. Преку нивните ликови стои натписот „воен злосторник“, а во заднина се покажуваат грозоморни слики од човечки жртви, кои според авторите потекнуваат од источните проруски региони каде украинската армија ја спроведува својата ткн „антитерористичка операција“ против побунетите доминантно русофонски региони.Во недела во Украина ќе се одржат парламентарни избори, откако со безредијата во февруари и март беше соборен тогашниот претседател Виктор Јанукович, обвинет дека земјата ја свртува кон Русија, а неговата дотогаш владејачка Партија на регионите практично го загуби мнозинството во Врховна Рада (парламентот) откако стотина пратеници не се појавуваа. Ќе се избираат 424 пратеници, од кои 199 во изборни единици кои даваат по еден мандат според мнозински изборен систем, и 225 на партиски листи за кои е потребно да се надмине прагот од 5 отсто. Во петокот на полноќ завршува предизборната кампања и во сабота е изборен молк кога се забранува партиската агитација./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.