(ВИДЕО) Работничка од Србија загина во фабриката Леони во Романија

(ВИДЕО) Работничка од Србија загина во фабриката Леони во Романија

 

Една работничка од Србија загина, а уште двајца други српски државјани се повредени во четвртокот во фабриката Леони во романскиот град Питешти.

Романските медиуми информираат дека 22-годишен маж, исто така, вработен во Леони, со автомобил влетал меѓу групата на луѓе, кои се наоѓале во кругот на фабриката, која е во селото Аргес Басков.

 

Српската државјанка била на обука во Романија. Според истите извори двајца од  повредените работници се од Србија. Еден има тешка повреда на главата.

 

 

“Повредени се седум или осум лица. Од нив  три наши работнички се повредени. Една за жал почина”, информираат од Леони за Јужни Вести.

 

Од фабриката потврдија дека загинала И. И. (28) од Ниш, а повредени се А. Р. (29) и Г. Б. (33).

 

Медиумите објавија дека со автомобилот управувал Андреј-Кристијан Карамелеа (22), кој работел во Леон, но бил примен на одредено време.

 

Возачката дозвола ја добил пред една ипол година.

 

Романските медиуми укажуваат дека можна причина за трагедијата е тоа дека 22-годишниот бил отпуштен и сакал да се одмазди

 

Причините за трагедијата се уште се испитуваат, велат од полицијата, но се сомневаат дека младиот човек сакал некого да импресионира и затоа автомобилот го возел во круг, но сето тоа завршило со катастрофа.

 

Тој имал и полициско досие, пренесуваат медиумите.

 

“Страшниот инцидентот се случил неколку минути пред 10 часот. Младиот човек возел БМВ. Сакал да им се пофали на работниците на Леони, кои тогаш биле на пауза за појадок. И, во еден момент, со брзина од 80 км / ч тој влетал право на масата каде што имало педесетина работници “, пишуваат романските медиуми.

 

Последниве години, вработение  од фабриката “Леони” во Прокупље во Србија заминуваат на обука во фабриките на германската компанија, кои се наоѓаат во Романија и Словачка. Таму тие се задржуваат три месеци.крај /мф/кс