Во Белград претставена книгата „Анатомијата на судското убиство“: Милошевиќ е убиен

Во Белград претставена книгата „Анатомијата на судското убиство“: Милошевиќ е убиен

Книгата на „Анатомијата на судското убиство“ е всушност судско-медицинска експертиза на извештајот на судијата Кевин Паркер, кој ја водеше истрагата во врска со смртта на поранешниот српски водач, Слободан Милошевиќ и „сублимат на сето она што на Милошевиќ му се случувало во Хаг“, изјави во петокот авторот на книгата Вукашин Андриќ, еден од лекарите на Милошевиќ.

 

Авторот Вукашин Андриќ на претставувањето на книгата во Белград оцени дека судијата Кевин Паркер во извештајот напишал низа невистини и дека неговата задача не била да испита како Милошевиќ умре, како е лекуван и зошто умрел, туку да ја измие совеста и сето она што, како што рече, Хашкиот трибунал за воени злосторства го сторил за смртта на Слободан Милошевиќ.

Андриќ потсети дека Милошевиќ во Хаг мина пет години, додавајќи дека „„не смеел и не можел жив да ја напушти Холандија“, пренесуваат белградските електронски медиуми.

Андриќ тврди дека Милошевиќ не умрел поради труење со лекот „рифампицин“, туку претпоставува дека Милошевиќ практично убиен со „дроперидол“, која кај болните кои боледуваат од болестите од кои пател Милошевиќ предизвикуваат аритмија која доведува до акутна срцева смрт.

Слободан Милошевиќ не умрел на 11-ти туку на 10-ти март, бидејќи споменатиот лек го земал со чај, кафе или во вечерата и по половина час бил мртов, наведува Андриќ.

Авторот го поставува прашањето како е можно ноќта меѓу 10-ти и 11-ти март во затворот да не биде вклучена ниедна надзорна камера и стражарите да не ги правата редовните контроли на притворениците вклучително и на Милошевиќ

Поранешниот потпретседател на Сојузната влада на некогашната СРЈ, Никола Шаиновиќ, кој од Хашкиот трибунал е осуден на 22 години затвор поради воени злосторства, изјави дека неговата генерација има долг да ја изложи „целата вистина пред нашата (српската –з.р.) и светската јавност“, како и дека книгата е „добар чекор на патот кон целосната вистина. Додаде дека книгата ќе биде преведена и на англиски јазик.

Медиумите забележуваат дека во публиката на претставувањето на книгата немало ниеден функционер на Социјалистичката партија на Србија (СПС) чиј долгогодишен претседател беше Милошевиќ, а сега е коалициски партнер во владата на Александар Вучиќ од Српската напредна партија (СНП). Не бил присутен ниту Милутн Мркоњик, кој според медиумите го финансирал печатењето на книгата.

Покрај тоа, иако биле најавени како говорници на промоцијата, не се појавиле ниту адвокатот на Милошевиќ, Зденко Томановиќ, поранешниот државен обвинител на СРЈ Вукашин Јокановиќ, како ниту полковникот др Ивица Милосављевиќ, кој како еден од патолозите од Србија во Хаг во 2006 година ја надгледувал обдукцијата на телот на Слободан Милошевиќ и потпишал дека е согласен со резултатите од неа./крај/мф/сн