МАКФАКС

Вучиќ: Никој не може да го сопре српското срце да чука за Косово

Вучиќ: Никој не може да го сопре српското срце да чука за Косово
27.02.2017, 13:15

 

Србија ни после сето она што и беше направено не е уништена, нити после сето она што и беше одземено не пропадна, нити после толку газење не е понижена, порача во неделата српскиот премиер Александар Вучиќ на манифестацијата на обележувањето на Топличкото востание, пренесуваат српските медиуми.

 

„Не дојдов за вашите гласови, туку да ви кажам и ви кажувам дека српското срце и денес чука за Косово и не може да го сопрат“, рекол Вучиќ пред големиот број насобрани на одбележувањето на востанието на „малата Србија“ против тиранијата, првата и единствена во окупираната Европа во Првата светска војна, пишуваат српските медиуми.

 

Топличкото востание било првото и единственото востание против тиранијата во било која окупирана држава тогаш во Европа, рекол српскиот премиер Вучиќ. „Востанието се случи во малата Србија, позната по чесните луѓе, иако пред себе ја имаа најсилната воена сила на тоа време“, рекол Вучиќ.

 

Српскиот премиер исто така порачал дека Србија нити денес, нити утре нема да се крене против Република Српска, нити пак Република Српска против Србија. На одбележувањето на 100 годишнината од Топличкото востание во Прокупље Вучиќ истакнал дека Србите израснале од „оне кои можеа да ги победат, но не можеа никогаш да ги понижат“.

 

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, пак, кој исто така присуствуваше на одбележувањето во Прокупље изјавил дека неговото присуство е во согласност со претходните договори на српската Влада и Република Српска за заедничко одбележување на важниот настан. Додик потсетил дека пред 100 години Србите, кои останале на тој простор под окупациската зона на Бугарија, се единствените кои во Европа кренале востание, поради тоа што не сакале да војуваат како дел од бугарската војска против Србите кои се враќале од туѓина./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *