Земјотрес го погоди подрачјето кај Ливно

Земјотрес го погоди подрачјето кај Ливно

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово го погодил подрачјето на Ливно, Босна и Херцеговина. Земјотресот бил почувствуван во 2:31 минута.

Според податоците на Сеизмолошкиот завод на република Српска, земјотресот во епицентралното подрачје бил со јалина од 5 до 6 степени според Меркалијевата скала.

Земјотресот бил на длабочина од околу пет километри.

Бидејќи во близина на епицентарот е хрватската граница, земјотресот бил почувствуван во Далмација, најмногу во делот околу Сплит. крај/мф/нц